Македонскиот тенисер за неполн час (58 минути) славеше победа во мечот портови Германецот, Дин Турнер.
Во првиот сет Калин на противникот не му даде ниту „тронка“ надеж, а го доби сетот без загубен гем со 6-0.
Во вториот Турнер успеа да освои гем на стартот, но тоа беше се што стори. Ивановски доминираше до крајот и го доби сетот со 6-1, а мечот со 2:0.
Во следното второ коло Ивановски ќе игра против Србинот, Душан Обрадовиќ.