Според листата на CNN (јуни 2025) за 24 најдобри салати во светот, на листата се најде и популарната шопска салата.
Оваа шарена, освежителна мешавина од сечкани домати, краставици, пиперки, кромид, со многу фино бело сирење слично на фета, е олицетворение на едноставната, но богата балканска кујна. Прелиена со масло и по желба украсена со црни маслинки или лути пиперки, шопската салата често се смета за гастрономски симбол на регионот.
Освен во Македонија, шопската салата се подготвува и јаде и во Србија, Црна Гора, Словенија и Бугарија.
На листата се најде и “грчка салата”, или попозната како ,,Хориатики” и една од најпопуларните салати на Балканот, која потекнува од Мексико, ,,Цезар салата”.
Салатите на листата на CNN не се рангирани од 1-во до 24-то место, туку се избрани најдобрите 24 салати во светот, според гостите на рестораните и патувачите.