Лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами, воедно и актуелен градоначалник на Тетово во вчерашната емисијата Клик Плус на ТВ21 рече „не може да спроведеме „ветинг“ со корумпирани судии и обвинители“.
Коментирајќи го излезот на ДПА и Мендух Тачи од Европскиот Фронт, Касами рече дека тоа е почеток на распадот на тој фронт.
-Излегувањето на Тачи е само почеток на распадот, рече Касами.
Касами додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати уставни измени со внесување на Бугарите тогаш кога меѓународните партнери, пред се ЕУ и САД ќе дадат јасен план за интеграциите, што сега за сега тој не го гледа.
Уставните измени се само предуслов за продолжување на евроинтеграциите, но за понатамошните интеграции потребен е партнер од страна на ЕУ со јасен план за нашиот пат кон ЕУ.
Тој вели на ДУИ им одговара сега да започнат некои процеси.
-На ДУИ им одговара сега да започнат некои процеси како што пропагираат, затоа што со ова судство со поддршка од 2% кое е контролирано од ДУИ тие процеси така и ќе завршат. Не може да спроведеме „ветинг“ со корумпирани судии и обвинители, рече Касами.
Според Касами, ДУИ за работите кои ги тангираат Албанците донесе некои закони на погрешен начин кои сега се контестираат од Уставниот Суд, како што е употребата на албанскиот јазик во институциите и „балансерот“.
Тој рече дека со нов и правилен закон ќе ги средат и правичната застапеност и употребата на албанскиот јазик.