strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: За нас секогаш Македонија била света работа, горда, исправена – нашата борба е таа да биде повторно ваша
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: За нас секогаш Македонија била света работа, горда, исправена – нашата борба е таа да биде повторно ваша
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: За нас секогаш Македонија била света работа, горда, исправена – нашата борба е таа да биде повторно ваша

Објавено June 25, 2025 23:01
strana.mk
Сподели
Сподели

Претедателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоcки вечерва на трибина во Прилеп, пред граѓаните даде отчет за сработеното во изминатата година, и притоа соопшти дека во наредниот период ќе бидат објавени две мерки за самовработување.

– Првата, во рамки на мерката за поддршка за самовработување, предвидуваме 7.000 евра по лице, за самовработување на младо лице до 29 години предвидуваме неповратна поддршка од 10.000 евра, додека за здружување на корисници до две лица да основаат бизнис, висината на финансиска поддршка изнесува од 14.000 до 20.000 евра при што 20.000 евра се однесува содружници кои се до 29 години. На овој начин ќе обезбедиме поддршка на приватната иницијатива и потикнувам што повеќе луѓе ова да го искористат, рече премиерот Мицкоски.

Со втората мерка Вработување и раст на правни субјекти се предвидува да се опфатат 1720 лица, каде при вработување на млади лица предвидена е највисока сума во износ од 250.000 денари. Мицкоски притоа потсети дека во изминатата година откако тој ја презема Владата отворени се нови 15.000 работни места.

Мицкоски истакна дека состојбата е конечно стабилизирана и дека може да се зборува за економски раст.

– Не почнавме од нула, почнавме од минус, рече Мицкоски, додавајќи дека разбира дека очекувањата се се повисоки. Вели дека треба трпеливо и чесно да се продолжи да се работи, како и дека најдоброто допрва ќе се случи.Оваа година, како што рече Мицкоски, минала без ниту една афера за членовите на Владата.

Премиерот истакна дека како Влада имаат одговорност да го заштитат македонскиот идентитет и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го прави тоа.

-Кога ќе погледнам во очите на луѓето кои секојдневно ги среќавам, знам дека морам да направам сè што можам за да имаат подобар живот. Така и ја гледам Македонија – со љубов и одговорност. За тебе, за твоето семејство, за иднината што ја градиме заедно, за надежите кои не смеат да се изневерат, рече Мицкоски.

Според него, за опозицијата секогаш Македонија била понижена, тоа е нивната слика и нивната идеја, тоа е нивниот слоган.

– За нас секогаш Македонија била света работа, горда, исправена и нашата борба е таа да биде повторно ваша, рече тој.

Прмиерот Мицкоски ги нагласи достигнувањата на неговата Влада изминатата година. -Од последни во Европа по странски инвестиции, до први во Европа со 1 милијарда и двесте педесет и пет милиони евра што е најдобар резултат од независноста до денес.Од двоцифрена инфлација до ниска 2.7% за месец март. Порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците од 9 до 10 проценти на годишно ниво. Од индустриското производство кое беше минус 2, до раст на индустриско производство за март од 5.2. Од автопат Кичево Охрид кој стагнираше, и беше најважно подизведувачите да се од Кичевски Зајас или струмичко до автопат кој се гради и кој за една година ќе биде готов. Од купување на трговски центри, соварии, до работа на експресен пат за Прилеп и автопат за Битола. Затоа што нема повеќе тендери во 4 очи и денес има одговорност, рече Мицкоски.

Посочи на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, но и дека се обезбедивме на 500 милиони евра поддршка на компаниите за реализација на инвестициски циклус и за поддршка на општините за реализација на капитални проекти за подобрување на животот на граѓаните.

– Обезбедивме раст од БДП 3,2%. Македонската економија на 4-то место во Европа според растот на БДП. Првпат по седум години намален е јавниот долг, заклучно со март 2025 година има намалување 4,7 процентни поени во однос на БДП. Буџетскиот дефицит е намален за 4% од БДП. Платите растат, повисоки плати во администрација, здравство, образование, полиција и култура. Целосно е отплатена Еврообврзницата издадена во 2018 година, во износ од 500 милиони евра, рече премиерот.

Како што посочи, направено е намалување на царинските стапки за 67 стоки кои како суровини и репроматеријали се користат во домашната индустрија и целосна либерализација на увозот на стоки со потекло од САД како наш стратешки партнер, 120 нови електронски услуги за граѓаните на националниот портал uslugi.gov.mk, признавање на електронските документи како целосно валидни, а државата за прв пат добива закон за безбедност на мрежи и информациски системи.

– Се подготвува издавање во електронска форма личната карта и возачка дозвола и се спроведе забраната за 226 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. И она што е важно за Прилеп, обезбедивме и исплативме над 9 милијарди денари субвенции за земјоделците. По претходно спроведена постапка обезбедени се вкупно 967 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 2.700 ха. Откупувачите на тутун ја дополнија откупната цена од 375 на 400 денари за откупен тутун прва класа, се зголеми субвенцијата од 80 на 100 денари за килограм, рече Мицкоски во Прилеп.

Најави, како што кажа, нова ера во Македонија, која ќе стане земја на можности, на човечност и вредности, земја во која секој ќе може да се гордее.

Не ветува брзи решенија, затоа што вистинските промени бараат време, трпение и упорност. Секој ден на напредок, додава, е победа.

-Оваа година беше година на напорна работа, на посветеност и на враќање на довербата, консолидирање на состојбите и стабилизација. Година во која секој од нас даде дел од себе за да го изгради новиот пат на Македонија, година во која свесни за огромните очекувања и досега многупати изневерените надежи, ние се трудевме да направиме стабилизација која ќе потткне развој, консолидација која ќе донесе раст. Затоа денес, гледаме напред со увереност и со срце полно надеж. Времето на Македонија допрва доаѓа, рече Мицкоски.

На трибината во Прилеп зборуваа министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, министерот за дигитална трансформацијат Стефан Андоновски, директоркат на УЈП Елена Петрова и пратеникот Бојан Стојановски.

TAGGED:прилепхристијан мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (ВИДЕО) Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект во Зелениково
Следна статија Трагедија: Тинејџер од Македонија се удави во Грција

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се…

June 23, 2025
Зошто ни се приспива околу 14 часот?

Ако сте меѓу оние кои секој ден околу 14 часот чувствуваат потреба…

June 23, 2025

Перо Антиќ откри: Панчо ќе направи концерт во чест на жртвите од трагедијата во Kочани

Поранешниот прославен кошаркар и сега веќе…

June 26, 2025

Ужас во Словенија: Жена почина од каснување од поскок, прв таков случај по неколку децении

По неколку децении, во Словенија е…

June 26, 2025

Кочоска: Владата успеа за три последователни квартали да обезбеди стапка на раст од 3 проценти

Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ,…

June 26, 2025

Дури 216.000 Македонци имаат бугарски пасоши

Расте бројот на македонски граѓани со…

June 26, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Животот нема цена: На матурска вечер без автомобил!

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во рамки на кампањите за зголемување на безбедноста во сообраќајот, започна…

April 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Токсини од стафилокока во бомбиците причина за труењето на 140 деца во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“

Резултатите од земените брисови од ОУ Ѓорѓија Пулевски во Скопје се готови. Тие покажале дека причината поради која околу 140…

October 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мојсоски и Каевски на суд за злоупотреба на спортските ваучери

По промена на судечкиот совет, Во Основниот кривичен суд Скопје денеска повторно започна судењето за злоупотреба на спортските ваучери за…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓурчески: Мицкоски го следеле партиски испостави во безбедносните служби, сега се исплашени

Следењето и снимањето на Христијан Мицкоски додека беше лидер на опозицијата, за што самиот информираше, е резултат на исполитизараните безбедносни…

November 2, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?