Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо официјално потпиша нов договор со Ал-Наср од Саудиска Арабија до 2027 година, објави клубот.
Роналдо беше претставен со посебен видео клип, во кој шета на плажа и на крајот вели пред камерата: „Ал-Наср засекогаш!“
Самиот Португалец даде повод за некои шпекулации, бидејќи по завршувањето на минатата сезона рече дека едно поглавје е затворено, и треба да се отвори ново, што многумина го поврзаа со промена на неговата клупска припадност.
Исто така, се зборуваше дека Кристијано Роналдо сака да игра на Светското клупско првенство и ќе избере друга средина, но одлучи да остане лојален на тимот во кој играше во последните неколку години.
Со новиот договор, тој ќе остане во Саудиска Арабија до 42 години.