Милијардерот Џеф Безос и Лорин Санчез ќе го кажат судбоносното „да“ во Венеција – пред Бога и богата свадбена забава, иако мештаните протестираат и изразуваат големо незадоволство против сопственикот на Амазон.
Со денови жителите на Венеција протестираат и лепат плакати против милијардерот Безос.

Свадбата е проследена, со големо внимание посебно откако се дозна дека двојката веќе се венчала, а опсадата на Венеција што ја направија Лорен Санчез и Џеф Безос е силно критикувана.

На многумина им пречи што „се однесуваат како градот да е место за изнајмување и како сè да треба да биде подредено на нивната свадба“. Но, според месното население тажната вистина е дека се извлекуваат за тоа – токму поради парите.
Во понеделник, членовите на Гринпис развија огромен транспарент на плоштадот Свети Марко, иконското срце на Венеција, со слика од Безос и натпис: „Ако можете да ја изнајмите Венеција за вашата свадба, тогаш можете да платите повеќе даноци“.