На 12 километри од брегот на Црна Гора, рибарот Гојко Митровиќ случајно улови млада бела ајкула, една од ретките забележани во Јадранското Море. Уловот се случил на 23 јуни, на длабочина од 115 метри, а по фотографирањето, ајкулата била пуштена назад во морето.
Институтот за морска биологија во Котор потврди дека станува збор за загрозен вид кој сè поретко се појавува во овој дел од Медитеранот. Последен ваков случај е регистриран лани, кога бела ајкула беше фатена и продадена на рибен ресторан во Хрватска.
Овој пат, за среќа, морскиот џин се врати во својата природна средина.