strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: (ВИДЕО) Немири по протестите во Белград: Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БАЛКАН > (ВИДЕО) Немири по протестите во Белград: Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани
БАЛКАННАСЛОВНИ

(ВИДЕО) Немири по протестите во Белград: Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани

Објавено June 29, 2025 10:36
strana.mk
Сподели
Сподели

Десетици хулигани се приведени доцна синоќа во инцидентите што се случија во центарот на Белград, додека шест полицајци и двајца граѓани се повредени, соопшти директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ откако беше нападната полицијата по завршување на протестот „Се гледаме на Видовден“ организиран од „Студентите во блокада“.

На прес-конференција, Васиљевиќ соопшти дека повредените се уште се во Ургентниот центар и дека полицијата реагирала откако учесниците на митингот го нападнале полицискиот кордон што ги штител луѓето во и во близина на Пионирски парк каде што се поддржувачи на властите во Србија.

Bentrokan meningkat saat pengunjuk rasa Anti-Pemerintah menembakkan kembang Api ke polisi Anti-Huru Hara di Beograd,Serbia pic.twitter.com/WG4BTIHtei

— Laskar proling Lentera hati (@laskar162955) June 29, 2025

„Студентите во блокада“ објавија дека властите се одговорни за радикализацијата по протестот во Белград.

Властите ги имаа сите механизми и целото време да ги исполнат барањата и да спречат ескалација. Наместо тоа, тие се одлучија за насилство и репресија врз граѓаните. Секоја радикализација на ситуацијата е нивна одговорност“, објавија на Х, „Студентите во блокада“.

Околу 140.000 демонстранти се собраа во Белград со барања за распишување парламентарни избори и да се прекине собирот што се одржува неколку месеци во Пионирски парк во центарот на Белград и пред Парламентот.

Протестот беше една од најголемите акции предводени од „Студентите во блокада“ во изминатите повеќе од половина година, што почна во ноември откако во почетокот на тој месец се урна бетонска настрешница железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица, трагедија за која ја обвинуваат вкоренетата корупција.

Независниот монитор на протести, Архива на јавни собири, ја процени бројноста на толпата на околу 140.000, значително поголема од полициската проценка од 36.000 демонстранти.

„Сакаме избори!“ скандираше толпата, носејќи српски знамиња и држејќи транспаренти со имиња на градови и места од целата држава.

Српскиот претседател Александар Вучиќ завчера изјави дека очекува инциденти на протестот „Се гледаме на Видовден“ во Белград и дека „насилството ќе започне помеѓу 20:45 и 21:45 часот“.

Полициската интервенција против демонстрантите почна веднаш откако беше прогласен крај на протестот (околу 21.40 часот). Заврши околу половина час по полноќ, а во Пионирски парк каде се студентите кои се спротивставуваат на блокадите од 6 март, музиката престана околу еден час по полноќ. Таму се одржа литературна вечер каде беа присутни и претставници од Владата и политички партии од владејачкото мнозинство.

На крајот од протестот на плоштадот Славија, студентите во блокада ја прогласија владата во Србија за нелегитимна и објавија дека во 21 часот истекол ултиматумот што го поставија до Владата на Србија – распишување вонредни парламентарни избори и прекин на собирот на поддржувачите на владата во Пионирски парк и пред Народното собрание.

Од протестот на студентите во блокада што се одржа на плоштадот Славија беше порачано – „Земете ја слободата во свои раце, ние веруваме во вас, имате зелено светло“.

Нема да ви кажеме што да правите, не затоа што не знаеме, туку затоа што вие знаете. Народот треба да се води според својата совест. Времето е ограничено, но не и ние. Ова е граѓански, а не повеќе студентски протест, беше кажано на официјалниот крај од протестот.

Денеска, 28 јуни 2025 година, ја прогласуваме сегашната влада за нелегитимна“, рече студент во блокада и еден од говорниците на протестот.

Владан Ѓокиќ, ректор на Универзитетот во Белград, се обрати пред присутните.

Вечерва се собравме тука за да го потврдиме единството во одбраната на основните демократски и универзитетски вредности“, изјави тој.

Ѓокиќ, во говорот на граѓанскиот протест нагласи дека „студентите, со својот храбар и мирен бунт, го обединија целото општество во заедничка мисија – да ги зачуваат институциите, правдата и правото на различност“.

Затоа чувствуваме гордост, припадност и одговорност да истраеме. Промената ја иницираа студентите, храбро, непоколебливо, а универзитетот застана покрај нив, како и покрај бунтовните граѓани“, додаде Ѓокиќ

Според белградски медиуми, претпладнево, во 11 часот, се очекува обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ, синоќа во објава на Инстаграм од шаторот во Пионирски парк каде што седеше со „студенти кои сакаат да учат“ ја објави нивната победа.

Еве ме тука во Пионирски парк, или како што сакаме да го наречеме, Ќациленд, со гордост, со овие прекрасни млади луѓе кои само сакаат да учат и кои сега сфаќаат дека конечно победиле“, рече Вучиќ.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, доцна синоќа објави дека студентите на протестот во Белград на плоштадот Славија повикале на граѓанска војна.

Блокаторите не го завршија својот митинг на Видовден со зборовите – Да живее Србија. Завршија со морничав повик за убивање на Србија, монструозен и отворен повик за граѓанска војна. Памти Србијо“, напиша Брнабиќ на социјалната мрежа X.

TAGGED:белградГраѓаниПовредениполицајциприведенипротест
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Од утре пораст на температурата
Следна статија (ВИДЕО) Македонски возач уапсен во Грција, по сообраќајка во која загинаа татко и син

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Детално ќе ги испитаме наводите за незаконско следење на комуникациите, велат од Обвинителството

ОЈОГОКК ќе ги испитува обвинувањата од…

September 2, 2025

Пред локалните избори, Илон Маск повторно јавно ја поддржа германската AfD

Американскиот претприемач Илон Маск повторно интервенираше…

September 2, 2025

Мицкоски: Прислушувањето на АНБ не е удар врз мене и новинарите, туку врз демократијата, правото на слобода и темелите на државата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна прислушувањето…

September 2, 2025

Караванот „Македонијо, во срце те носиме“ патува за Штип

По незаборавните вечери во Охрид и…

September 2, 2025

РАЗНО

НАСЛОВНИХРОНИКА

И Васко Ковачевски е дел од истрагата за мазутот со Капушевски и Јахоски, вмешани се и роднини на Али Ахмети

Во истрагата што ја водат Министерството за внатрешни работи (МВР) и Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, поврзана со…

March 11, 2025
БАЛКАН

Фудбалер погоден на лов, загина на лице место

Во Здравствениот дом во Градачац од повреди здобиени со огнено оружје при лов загиина Асмир Ќехајиќ (27), познат како Крча.…

November 19, 2024
БАЛКАН

Минималната плата во БиХ се зголемува од 300 на 600 евра

Федерацијата Босна и Херцеговина воведува фискални реформи кои ќе ја зголемат минималната плата на над 600 евра, речиси двојно повеќе…

November 13, 2024
БАЛКАН

Еди Рама: Ќе направиме се оваа деценија да влеземе во ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама вечерва изјави дека „Албанија нема план Б, туку само неоспорен и непроменлив план, оној за влез…

December 24, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?