strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Ќе се снима игран филм за Дарко Панчев
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗАБАВА > Ќе се снима игран филм за Дарко Панчев
ЗАБАВА

Ќе се снима игран филм за Дарко Панчев

Објавено June 29, 2025 12:46
strana.mk
Сподели
Сподели

Животната приказна на македонската фудбалска легенда Дарко Панчев наскоро ќе биде преточена на филмското платно. Станува збор за игран филм во кој ќе бидат прикажани сите најинтересни моменти од неговата кариера, но и од животот, неговите лични борби, успеси и падови. Самата филмска приказна треба да ја заинтересира пошироката публика, а не само пасионираните љубители на фудбалот. 

МИА дојде до екслузивни информации дека на режисерското столче ќе застане македонскиот режисер Зоран Петровски, кој живее и работи во соседна Бугарија и кој во изминатите 20 години има работено на познати високобуџетни играни серии и телевизиски реклами, како и на многу меѓународни филмски и телевизиски продукции. Филмското деби на режисерот Петровски, е негов огромен мотив да се претстави со дело кое ќе ја освои пред се Европа и ќе прикаже убава позитивна приказна за нашата најголема фудбалска легенда која го освои светот.

На сценариото ќе работи Ѓорѓе Милиќевиќ, кој по потекло е од Србија, но повеќе од 60 години живее и работи во Њујорк и Лос Анџелес. Изборот Милиќевиќ да го работи сценариото не е случаен имајќи предвид дека тој е еден од сценаристите на една од најпознатите фудбалски стории, филмот „Victory” (Бегство кон Победа) во кој играат големите филмски имиња како Силвестер Сталоне, Мајкл Кејн, Макс фон Сидоф, но и едно од најголемите фудбалски имиња на сите времиња, Пеле. 

Филмот во никој случај нема да претставува само документарна биографија, туку ќе биде вистинска холивудска приказна во која ќе има моменти за кои малкуминаа знаат, а самата приказна треба да ја заинтересира поширока пубилика, а не само пасионираните љубители на фудбалот. Оваа приказна излегува од досегашните македонски филмски стории и има за цел да ја прикаже Македонија во едно позитивно светло. Самата сторија треба да биде поттик за многу идни млади генерации дека во спортот со талент и напорна работа нема недостижни врвови, дека дете од Скопје кое потекнува од просечно работничко семејство успева да го достигне Европскиот и Светскиот фудбалски врв, велат од продукцијата „Петровски Брадрс“ од Скопје.

Ќе се снима на локации во Македонија, Србија и Италија

Продукцијата „Петровски Брадрс“ веќе има потпишано ексклузивен договор со Дарко Панчев за екранизација на неговата животната сторија на филмското платно.

Оттаму за МИА откриваат дека во текот на подготвителниот период ќе бидат организирани кастинзи и избор на локации на територија на државава, како и во Србија и во Италија, земји во кои Панчев ја градеше својата кариера.

Во моментот во тек се преговори за медиумски партнери и спонзори кои ја препознаваат важноста и големината на проектотот и се подготвени да застанат зад истиот.

Мене ми се допадна идејата, ја прифатив и дадов максимална поддршка. Секоја спортска приказна е убава приказна и се надевам дека филмот ќе биде направен како што треба и ќе биде интересен за гледачите. Јас од моја страна колку можам да помогнам во реализација на филмот, сигурно дека ќе се потрудам да помогнам. Екипата е одлична и тоа е гаранција дека филмот ќе биде добар, вели Панчев за проектот на продукциската куќа „Петровски Брадрс“. 

Панчев во изјава за МИА оценува дека со филмот не само што ќе биде промовирана државата, туку ќе се испрати и порака дека во оваа држава имало и ќе има луѓе кои заслужуваат внимание. 

Добро е за нашата држава да има еден ваков спортски филм, затоа што тоа ќе биде реклама и за Македонија и порака дека и во оваа држава имало, има и ќе има луѓе кои заслужуваат внимание не само од нашата јавност, туку и од пошироката европска јавност. Во тој контекст, сакам да нагласам дека се работи навистина за една убава идеја, нагласува Панчев.

Панчев е едно од најголемите фудбалски имиња во поранешна Југославија и во Европа во тоа време, како и најдобар фудбалер кој земјава го имала. Тој е најголемата македонската фудбалска легенда, освојувач на Купот на шампионите и Интерконтиненталниот куп, како и на Златната Копачка

TAGGED:дарко панчевфилм
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Спасени четири лица откако им се скршил дел од едрилицата во Охридското езеро
Следна статија 48 полицајци повредени по вчерашните протести во Белград

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу

Набрзо ќе бидат отворени нови 300 слободни места за кадри од редот…

June 29, 2025
Анемија – тивок убиец на вашиот организам

Анемијата претставува една од најчестите здравствени состојби што може да се појави…

June 28, 2025

Петровска до Мицкоски: Среќна нова 1949!

Пратеничката Славјанка Петровска во краток коментар…

June 30, 2025

Изгаснат е пожарот кај Јосифово, три се сè уште активни

Пожар избувна во валандовското село Јосифово,…

June 29, 2025

Орбан: „Вчерашната Парада не е прашање на гордост, туку на срам!“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја оцени…

June 29, 2025

(ВИДЕО) Страшен пад на Марк Маркез

Возачот на Дукати, Марк Маркез, е…

June 29, 2025

РАЗНО

ЗАБАВА

Турчинка ги истетовира очите на Ердоган на челото (ВИДЕО)

Млада Турчинка ги истетовирала очите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на своето чело за да покаже колку го сака.…

February 17, 2025
ЗАБАВА

Тесла опишал што би можело да ни се случи до 2035 година

Никола Тесла, еден од најголемите умови на 20. век, не бил само иноватор, туку и вистински визионер чија визија за…

April 26, 2025
ЗАБАВА

Видео: Публиката ја исвирка тенисерката во Мелбурн, нејзината реакција стана вирална

Американката Даниеле Колинс вчера ја победи Австралијката Дестане Ајава пред публиката која навиваше за 24-годишната Австралијка, додека таа играше во…

January 18, 2025
ЗАБАВА

Принцот Вилијам и Кејт не се појавија на традиционалниот предбожиќен ручек на кралот Чарлс

Годинава принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не присуствуваа на традиционалниот предбожиќен ручек на британскиот крал Чарлс III во палатата Бакингем,…

December 22, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?