Возачот на Дукати, Марк Маркез, е победник на денешната трка за Големата награда на Холандија во Мото ГП, зголемувајќи го своето водство во генералниот пласман.
Марк Маркез забележа вкупно 94 победи во сите категории на патеката во Асен, а пред него се само Италијанците Џакомо Агостини (122 победи) и Валентино Роси (115).
Ова е шеста победа на Марко Маркез во главната трка оваа сезона, со девет победи во спринт.
Второто место го освои возачот на Априлија, Марко Бечеки, додека Франческо Бања од Дукати ја помина целта на третото место.
Трката беше нарушена од инцидент во шестиот круг помеѓу Алекс Маркез (Гресини Рејсинг) и Педро Акоста од КТМ, поради што помладиот од браќата Маркез доби фрактура на левата рака.
DRAMA! @alexmarquez73 crashes out of podium (and potentially victory) contention 😱💔#DutchGP 🇳🇱 pic.twitter.com/rPnhra3DVk
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) June 29, 2025