Пожар избувна во валандовското село Јосифово, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Првично гореше сува трева, но поради силниот ветер и високите температури, огнот се прошири и го загрози населеното место.
На терен интервенираат пожарникари од Валандово и Гевгелија.
Како што информираат од ЦУК, на терен се седум пожарникари со четири возила од ТППЕ Валандово и тројца пожарникари со едно возило од Гевгелија.
Пожарот е ставен под контрола со брза интервенција на пожарникарите.
Хеликоптерот не морал да интервенира, туку изврши само извиднички летови.
Според информациите на ЦУК, до 21 часот на територијата на државата се активни три пожари, и тоа во скопската Општина Шуто Оризари во населбата Визбегово, каде гори ѓубриште на дива депонија. Овој пожар претходно е изгаснат, но повторно е активиран.
Вториот пожар е во Општина Прилеп во селото Бешиште, каде гори сува трева и мешана шума, а третиот е во Општина Новаци, кај селото Градешница, каде гори шума.
Во државата денеска се евидентирани 25 пожари на отворено.