strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Бишев: Клучно е економското почитување на фискалните правила
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бишев: Клучно е економското почитување на фискалните правила
ЕКОНОМИЈА

Бишев: Клучно е економското почитување на фискалните правила

Објавено July 2, 2025 14:16
strana.mk
Сподели
Сподели

Се наоѓаме во исклучително клучна точка кога треба да се оцениме дали се движиме во насоката што е усвоена со Фискалната стратегија. Клучно е економското почитување на фискалните правила, порача денеска претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев во обраќање на дебатата за ребалансот на Буџетот за 2025 година во матичната собраниска комисија.

Фискалниот совет до Комисјата за финансирање и буџет достави три документи, Мислење за буџетот, за Фискалната стратегија и Анализа дали постои фискален простор за евентуално дополнително задолжување и дали тоа значително ќе ја наруши стабилоста на буџетот.

Бишев истакна дека ревидираниот Буцет е во согласнот со буџетската стратегија и ја повтори препораката доколку инвестиците за капитални расходи не се реализираат како што се проектирани да не се пренаменуваат за тековни раходи, туку да се заштедат и да се пренаменат за трошења за наредните години. Фискалниот совет направи две сценарија, едно без значителни структурни промени и реформи со раст од 3 проценти и второ со позначителни ивестици на приватен и јавен сектор, раст на продуктивноста и реформи, со раст од 3,7 до 4 проценти од БДП годишно.

Осврнувајќи се на остварувањата во првите пет месеци од годинава и ревидираниот буџет, наведе дека растот е воден од домашната потрошувачка и посочи дека кога растот ќе достигне одредено ниво макроекономските политики треба постепено да им отстапат место на меѓународните пазари, на приватниот сектор, повеќе да се извезува.

Од тој аспект раст од 3 проценти, 3,5 проценти, е веќе индикација дека не може да одржуваме буџетски дефицит понатаму од околу 4 проценти за да го стимулираме домашниот раст само со мерки на домашната потрошувачка.
И од тој аспект имајќи го предвид во Фискалната стратегија и за 2025 и 2029 година, Фискалниот совет прифати постепено намалување на буџетските дефицити, а исто така и на јавниот долг, се со цел пак да не биде контрапродуктивно. Меѓшутоа, сега се наоѓаме во исклучително клучна точка кога треба да се оцениме дали се движиме во насоката што е усвоена со Фискалната стратегија, рече Бишев. За пет месеци, дополни, иако буџетскиот дефицит е помал во однос на истиот период од претходната година, тој е на ниво од 1,8 проценти од БДП, што значи на годишно ниво доколку се оди онака како што е планирано со ревидираниот буџет би биле околу 4 проценти.

Најголемиот предизвик е што целиот овој дефицит е резултат на тековните расходи. Значи капиталните расходи во однос на планирањето се рализирани со 22,5 проценти и од тој аспект доколку очекуваме забрзување на капиталните расходи до крајот на годината, постои голем ризик доколку не се остварат проектираните приходи, особено ДДВ, наша препорака е тоа да се следи и навреме да се реагира, оцени Бишев.

Посочувајќи дека тековните трансфери и плати во буџетот учествуваат со 65 проценти од вкупните расходи порача дека „ е многу тешко за маневарски простор за корекција кога има вакви буџетски обврски. И затоа, потецираше, овие ризици мора да се имаат во предвид кога економијата ја влече агрегатната побарувачка.

Фискалниот совет, како што рече, ја охрабрува определбата да се води сметка за секој трошок вклучително и трошокот на задолжување којшто достигна два проценти, каматните расходи достигнаа скоро два проценти од БДП. И од тој апсект ако се погледа примарниот буџетски дефицит, ќе се види дека тој многу побргу се намалува од вкупниот буџетски дефицит. Тука треба да се искористат сите обиди особено во период сега на намалување на каматните стапки на меѓународните финансиски пазари. Ја повторуваме нашата препорака доколку инвестициите за капитални расходи не се реализираат онака како што се проектирани, да не се пренаменуваат во тековни расходи коишто и така се веќе на максимално високо ниво во Буџетот за 2025 година. Нашата препорака е да се заштедат во тој случај и да се пренаменат за трошење за наредните години, рече Бишев.

Ревидираниот буџет, дополни, е во согласност со буџетската стратегија и предложената до Партламентот.

Тој се произнесе за фискалната стратегија, истакувајќи ја како многу поважен елемнет за консолидација на јавните финансии и појасни дека при проекцијата на макроекономскиот раст за наредните пет години ја користеле Националната стратеигја за економски раст усвоена во октоври лани каде има две сценарија. Базично сценарио, со 2,5 до 3 проценти годишен раст, доколку не се реализираат структурни реформи во економијата, не се воведе автоматизација и дигитализација во економските процеси и не дојде до значителен раст на продуктивноста. Второто е инклузивно сценарио коешто предвидува тоа да се реализира и тогаш просечниот раст би се реализирал на ниво од 4,5 проценти. Тогаш би дошло до зголемување на потенцијалниот раст од страната на понудата, не од страната на побарувачката. Според овие сценарија не би постоеле инфлаторни притисоци кога има зголемувањето на продуктивноста, наведе Бишев.

Втората претпоставка што ја направиле при модалирање на растот за пет години е дека економскиот циклус во Македонија е високо поврзан со економскиот циклус во ЕУ особено со Германија. – И на краток рок со управување со агрегатната побарувачка тоа може делумно да се корегира, меѓутоа долгорочно нашиот циклус економски го следи циклусот на ЕУ, поготово во услови кога имаме режим на фиксен девизен крус и по правило каматните стапки го следат циклусот на каматните стапки во ЕУ, рече Бишев.

Тој укажа дека се повеќе почнува да доминира гледиштето во ЕУ дека фискалните правила не треба да ги ограничат инвестициите во инфраструктура и инвестиции што носат продуктивност во националната економија. – Ние направивме како фискален совет користејќи го моделот на ОЕЦД за преоктирање, две сценарија. Едно сценарио без значителни структурни промени и реформи кое дава раст од околу 3 проценти годишно, и второ сценарио со позначителни инвестиции на приватниот и јавниот сектор со раст на продуктивноста, со реформи коишто доаѓа со раст од 3,7 до 4 проценти од БДП годишно, рече Бишев.

Проекците на Министерството за финансии во Фискалната стратегија одат и до 4,7, 4,8 порценти годишен раст. Во 2027 година буџетски дефицит се сведува под 3 проценти од БДП, а во 2028 јавниот долг под 60 проценти од БДП. Вклучени се консолидацијата на јавнните финансии при што, наведе, она што Фискалниот совет го цениме за реален напор е што јавните приходи во фискалната стратегија се проектирани да растат доста реално, три до пет проценти годишно.

Да кажеме за 25 година растот е 10,5 проценти дури и во ревидираниот буџет, така што со 5 до 7 проценти годишно цениме дека е доста реален раст на јавните приходи, а јавните расходи се проектирани под тоа, рече Бишев.

Во однос на тоа дали простор за дополнително задолжување за инфраструктура, а не за дефицит врз основа на тековните расходи, направиле симулација со моделот на ОЕЦД. Земени се две сценарија со дополнителни инвестици од 2 милијарди евра. Едното да се реализира во три години, другото да се реализира во пет години. – Се доаѓа дека наместо намалување на јавниот долг би имало благо зголемување, едното сценарио кои би достигнало до 65 проценти, а второто сценарио 63 проценти. И од тој аспект клучно е економското почитување на фискалните правила, а не само само формалното, инвестициите да генерираат раст на продуктивноста и буџетските дефицити врз основа на тековни јавни расходи да конвергират кон нула. Значи во тој случај исклучокот, она што е правило во ЕУ, би бил само врз основа на јавни инвестиции, потенцира претседателот на Фискалниот совет.

Апелира во Министерството за финансии што побргу да се оформи единицата за управување со јавните средства, а пред секој позначителн инвестиционен проект да има кост бенефит бенефит анализа, отчетност на јавните институции, особено на јавните претпријатија и контрола на јавните институции имајќи во предвид дека во моментот има 4 проценти од БДП достасани неизмирени обврски. Исто така и цврста фискална дисциплина за единиците на локалната самоуправа.

По неговото излагањето, за ребалансот се произнесе и заменик-народниот правобранител Соња Трифуновска, побара со амандмани да се обезбедат средства за потребите на оваа институција и констатираше дека не е испочитуван член 48 од Законот за народен правобраител кој ја регулира постапката за тоа.

Претходно заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во образложение на ребалансот рече дека предложените измени и дополнувања на Буџетот се потврда на фискалната политика за неопходноста од консолидација и подобрено управување со јавните финансии. Рече дека се базираат на непроменети макроекономски претпоставки и прилагодување на фискалните проекции кои на расходната страна обезбедуваат целосно финансирање и реализирање на стратешките приоритети и програмски определби без да се промени нивото на буџетскиот дефицит.

Тој побара поддршка за предложениот ребаланс од пратениците истакнувајќи дека со него ќе се обезбеди поефикасно и поодговорно управување со јавните финансии, со фокус на стабилност, отчетност и ефективност во трошењето.

  • Целта е непречено извршување на Буџетот и одржување на идентично ниво на буџетскиот дефицит планиран со иницијалниот Буџет. Со ревидираните фискални проекции се врши усогласување на расходите со досегашната реализација и очекувањата, односно се дообезбедуваат средства за исплата на плати, пензии, програмски и проектни активности со едновремено искористувања на средствата од предходните години на посебните сметки, наведе Јанкуловски.

Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, по еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за годинава. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, на износ од 47,5 милијарди денари. Државниот долг на крајот на 2025 година според проекциите на Владата ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 62,1 процент.

За Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година поднесени се над 200 амандмани.

TAGGED:глигор бишев
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Орбан: За да се стави крај на војната во Украина, потребни се дипломати, а не генерали
Следна статија Најавени ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот…

July 3, 2025
Костадинов: Судот пресуди дека водата за пиење во Струмица била чиста, питка и биохемиски исправна

Судот денеска донесе правосилна пресуда со која го потврди она што го…

July 1, 2025

Тошковски: Разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители

Во изминатата година разбивме 14 организирани…

July 5, 2025

Најмалку 24 загинати во поплавите во Тексас, меѓу нив и деца

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите…

July 5, 2025

4iG Групација ја зајакнува стратешката одбранбена соработка со Македонија

Јасаи Гелерт, претседател на 4iG Групацијата…

July 5, 2025

Активирана фаза три: Денеска многу топло со 41 степен

Топлотниот бран што ја зафати земјава…

July 5, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години

Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со…

October 6, 2024
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Она што се случува со перформансите на германската економија кај нас ќе се почувствува во вториот квартал од следната година

Она што сега се случува на економско поле во Германија ние нема веднаш да го почувствуваме. Сепак, можно е во…

October 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави дефанзивни мерки ако производителите, дистрибутерите и ланците на маркетите не почнат со почитување на граѓаните и договореното со Владата

Премиерот Христијан Мицкоски, најави дефанзивни мерки ако производителите, дистрибутерите и ланците на маркетите не почнат со почитување на граѓаните и…

February 9, 2025
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Започна со работа фабриката „Магна Мехатроникс“, инвестиција околу 40 милиони евра и вработувања на 600 лица

Канадската компанија „Магна мехатроникс“ денеска отвори фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Инвестицијата во новиот капацитет со површина од…

April 2, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?