Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција објави дел од кандидатите на партијата за градоначалници на претстојните локални избори. Меѓу општините за кои беа соопштени имињата се Карбинци, Сопиште, Дебарца, Демир Хисар и Струмица – каде што изостанува актуелниот градоначалник Костадин Костадинов.
Наместо Костадинов, кандидат на СДСМ за Струмица ќе биде Марјан Даскаловски, претседател на општинската организација на партијата.
Во Охрид, СДСМ ќе настапи со д-р Асен Шајн, додека пак за градоначалник на Дебрца ќе биде кандидат Љупчо Паунковски.
„Во следните две недели, две третини од кандидатите за градоначалници ќе бидат потврдени од Извршниот одбор. Очекувам ова да биде процес кој ќе значи сплотување, а не поделба на партијата“, изјави Филипче.