Откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ги соопшти новите имиња на кандидатите за градоначалници на локалните избори, без да го вклучи актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, следеше брза и јасна реакција од страна на самиот Костадинов.
Во изјава на својот официјален профил, Костадинов соопшти дека од денеска го замрзнува своето членство во СДСМ, нагласувајќи дека не прифаќа да биде дел од партијата под актуелното раководство.