На 31 јули, под ѕвезденото небо и во волшебниот амбиент на Античкиот театар во Охрид, следува ексклузивен концерт со симфониски оркестар, кој ќе ги спои традицијата и елеганцијата во едно незаборавно музичко доживување.
Ќе ги слушнеме омилените хитови како: ,,Ангели ме носат”, ,,Ме полудуваш”, ,,1762 лето” и многу други што оставија белег на македонската музичка сцена.
Очекувајте вечер исполнета со емоции, носталгија и чиста магија.