Во политиката често зборуваме за кризите што ги гледаме, за оние што доаѓаат со драматични вести, со протести, со економски потерси, но денес ќе зборуваме за една поинаква криза, за една тивка, долготрајна, системска и глобална криза, а тоа е демографскат рецесија. Ова не е проблем само на Македонија, ова е предизвик на цџела Европа па и пошироко. Германија, Италија, Бугарија, Јапонија, Јужна Кореја сите овие држави одамна се соочуваат со истото. Се раѓаат помалку деца, населението старее, а младите се почесто по потрага по подобар живот надвор од границите и ние не сме исклучок, рече денеска во своето обраќање на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“ премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.
Мицкоски посочи дека кај нас состојбата е алармантна, притоа информирајќи дека се помалку деца се раѓаат а стапката на наталитетот во 2024 година паднала на 8,8%.
-Нашата состојба е посебна, затоа што додека некои држави ја забележуваат како тренд кај нас таа е аларм. Овој проблем од претходните влади се ставаше под тепих и не се гледаше на него како сериозна закана. Фактите се јасни, во 2024 година се родија 16061 дете, а починаа 20201 лице. Тоа е природен пад од 4140 луѓе за само една година. Во последните четири години изгубивме повеќе од 33000 жители. Како од исчезни еден град од големина на Кавадарци или Кичево. Стапката на наталитет падна од 12,5% во 2010-тата на 8,8% во 2024-тата. Во многу општини и села веќе нема ниту прво оделение, се повеќе луѓе живеат сами, се помалку стапуват во брак, се помалку деца се раѓаат. Ова не се само бројки, ова е тишина што се шири, а кога велевме дека ги рушеа темелите, не ми лсвме само на курупцијата, на стопираните проекти, на нефункционалните институции од минатат Влада, милсвме и на ова. На рушење на семејството, на губењето на иднината, на иселувањето како единствена опција, затоа денеска кажуваме гласно, оваа Влада не го премолчува проблемот. Го имненува, го признава и се бори со него, рече премиерот Мицкоски.