strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: 4iG Групација ја зајакнува стратешката одбранбена соработка со Македонија
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > 4iG Групација ја зајакнува стратешката одбранбена соработка со Македонија
ЕКОНОМИЈА

4iG Групација ја зајакнува стратешката одбранбена соработка со Македонија

Објавено July 5, 2025 09:34
strana.mk
Сподели
Сподели

Јасаи Гелерт, претседател на 4iG Групацијата и Иштван Шархеѓи, извршен директор на 4iG Space and Defence Technologies Zrt., остварија официјална посета на Скопје, каде што се сретнаа со Александар Николоски, заменик премиер на Република Македонија и Владо Мисајловски, министер за одбрана.

На средбата се разговараше за модернизацијата на Армијата на Македонија, со посебен акцент на идентификување области каде што соработката во одбранбената индустрија и таргетираните инвестиции можат да придонесат за исполнување на оперативните барања на војската и стратешките цели на националниот одбранбен сектор.

Република Македонија, која во моментот издвојува над 2% од својот БДП за одбранбени трошоци, останува посветена на понатамошно зајакнување на своите капацитети. За време на дискусиите, страните разгледаа области во кои технолошките решенија на 4iG – особено во полето на сателитските комуникации, беспилотни воздушни системи и дигитални технологии за бојно поле – можат да придонесат кон агендата за модернизација на земјата. Врз основа на својата експертиза како во новите, така и во традиционалните одбранбени технологии, 4iG е добро позиционирана да го поддржи развојот на интегрирани, мрежно-центрирани одбранбени системи во регионот.
Овој ангажман е дел од пошироката стратегија за регионална експанзија на 4iG Групацијата.

Како унгарска групација со мнозинско сопствеништво во областа на инфо-комуникациите и со сѐ поголемо присуство на Западен Балкан, 4iG ја зајакна својата позиција преку серија успешни аквизиции. Во октомври 2024 година, компанијата основа локална подружница во Македонија под името OНE Mакедонија Телекомуникации. Под водство на извршниот директор Брано Ѓуровиќ и заменик извршниот директор д-р Габор Алтман, подружницата планира да учествува на претстојниот национален тендер за радиофреквенции, со цел да стане трет мобилен телекомуникациски оператор во земјата.

4iG Групацијата функционира врз три стратешки столба: интеграција на ИТ системи и решенија за претпријатија, телекомуникациски услуги и развој на инфраструктура и технологии за вселена и одбранбена индустрија. Оваа диверзифицирана понуда ѝ овозможува на Групацијата да испорачува конкурентни, интегрирани решенија за партнери од дигиталниот и безбедносниот сектор низ цела Европа.

За 4iG:
4iG Nyrt., со седиште во Будимпешта и во мнозинска сопственост на унгарски акционери, е една од водечките телекомуникациски и инфо-комуникациски корпорации во Унгарија и регионот на Западен Балкан. Како компанија котирана на берзата во Будимпешта, 4iG е препознатлива по свежиот и иновативен пристап. Како водечки унгарски телекомуникациски и ИТ систем интегратор, 4iG е клучен играч во дигиталната трансформација во регионот.
Како сопственик на ОНЕ Црна Гора и ОНЕ Албанија, групацијата 4iG опслужува скоро 2,2 милиони резиденцијални и 400 000 деловни корисници низ целиот Западен Балкан и е лидер на пазарот во телекомуникациските и инфо-комуникациските услуги во регионот. Како членка на O-RAN Alliance, групацијата е посветена на градење мрежи користејќи технологија од веродостојни и сигурни извори во рамките на иницијативата „Чиста мрежа“.
Со повеќе од 8000 високо квалификувани професионалци, 4iG обезбедува телекомуникациски и инфо-комуникациски услуги од највисок ранг, прилагодени на постојано променливите барања на пазарите на кои работи. Динамичната стратегија за проширување на Групацијата ја зацврсти нејзината позиција како значаен играч во телекомуникацискиот сектор и во Унгарија и на Западен Балкан.

TAGGED:Александар НиколоскиЈасаи Гелертсредба
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Активирана фаза три: Денеска многу топло со 41 степен
Следна статија Најмалку 24 загинати во поплавите во Тексас, меѓу нив и деца

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана

Од Фондот за здравствено осигурување ќе иницираат и измени на Законот за…

July 3, 2025
Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот…

July 3, 2025

Четири хороскопски знаци ги очекува огромно богатство до средина на овој месец

Планетарните влијанија во текот на јули…

July 5, 2025

Жешко: Јелена Карлеуша на јахта

Пејачката Јелена Карлеуша  ужива на црногорското…

July 5, 2025

Кој е Томпсон: Беше во брак со Данијела Мартиновиќ, се разведоа со благослов од папата

Марко Перковиќ Томпсон беше во брак со…

July 5, 2025

Преглед на денот на Вимблдон: Синер убедлив, Рибакина испадна

Светскиот рекет број 1, Италијанецот Јаник…

July 5, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Николовски: Поголема контрола на Блаце, во радар брзите пошти

Царинската управа воспоставува засилена контрола на граничен премин Блаце се со цел спречување обиди за криумчарење на поштенски пратки. Ова…

November 14, 2024
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

По 17 години пауза од март повторно директна авиолинија од Скопје до Амстердам

Од март ќе биде воведена директна авиолинија од Скопје до Амстердам. Аеродромот „Шипхол“ и скопскиот аеродром ќе бидат поврзани со…

December 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

За првпат објавен Извештајот за спроведување на макропрудентната политика на Народната банка

Народната банка го објави за првпат Извештајот за спроведувањето на макропрудентната политика, со кој се овозможува транспарентен увид во карактеристиките…

May 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Петрова: Даноците се собираат според планот

Полнењето на буџетот е стабилно и сосема е извесно дека годината ќе ја завршиме со исполнување на планот, бидејќи до…

December 13, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?