Американската компанија за управување со инвестиции „БлекРок“ ја прекина потрагата по инвеститори за фондот за закрепнување на Украина на почетокот на оваа година, кој требаше да биде презентиран на Конференцијата за закрепнување на Украина следната недела во Рим, објави денес „Блумберг“.
На почетокот на оваа година, компанијата ја прекина потрагата по инвеститори кои би го поддржале фондот за закрепнување на Украина, по победата на американскиот претседател Доналд Трамп на изборите, соопштија извори запознаени со дискусиите.
Портпаролот на „БлекРок“ изјави дека фирмата ја завршила својата бесплатна советодавна работа за Фондот за развој на Украина во 2024 година и во моментов не е ангажирана во никаков активен мандат со украинската влада.