strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: „Еко-свест“ бара од Министерството за животна средина да преземе мерки против хидроцентралите на Дошница
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Еко-свест“ бара од Министерството за животна средина да преземе мерки против хидроцентралите на Дошница
МАКЕДОНИЈА

„Еко-свест“ бара од Министерството за животна средина да преземе мерки против хидроцентралите на Дошница

Објавено July 14, 2025 19:35
strana.mk
Сподели
Сподели

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ информира дека испратиле писмо со барање до министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, за да преземе мерки против планираните хидроцентрали на реката Дошница и да побара од инвеститорот дополнителни истражувања, како и ажурирање на елаборатите за животна средина, објавива Радиомоф.мк

Во писмото стои дека на 78-мата седница на Владата било усвоено барањето на концесионерот „Хидро Дошница“ ДОО Скопје за да продолжи рокот за изградба на малите хидроцентрали МХЕЦ Баров Дол и МХЕЦ Папрад и тие да започнат со комерцијална работа до 6 април 2026 година.

Оттука, за да се спречат сериозни штети по животната средина, „Еко-свест“ укажува дека локациите на двете хидроцентрали се на реката Дошница, чиј горен тек е во Општина Кавадарци, а долниот тек е во општина Демир Капија.

„Работењето на малите хидроцентерали, согласно тековниот Закон за водите пропишува испуштање на 10% биолошки минимум во реката низводно. Напоменуваме дека реката Дошница веќе има дефицит од вода поради постојниот хидросистем изграден во минатото. Нашиот закон не ја транспонира Рамковната директива за води која пропишува испуштање на т.к.н. еколошки проток кој обезбедува добра еколошка состојба на водното тело. Биолошкиот минимум од 10% значително ќе го намали водостојот на реката Дошница и ќе резултира кон деградирање на еколошкиот статус на истата“, забележува еко-организацијата во пимосто.

Понатаму, еко-активистите посочуваат дека Министерството за животна средина во Програмата за заштита на природата за 2024 година во своите приоритетни цели го постави прогласувањето на заштитено подрачје на територијата на Општина Демир Капија, во чии рамки се наоѓа целото сливно подрачје на долното течение на реката Дошница.

Еко-активистите велат дека во рамки на хидрографската мрежа на Демиркаписката клисура, реката Дошница по целото свое течение се издвојува со своите исклучително високи природни вредности од аспект на фауната на акватичните безрбетници.

„Имено, водите на реката Дошница се дом на 22 таксономски групи макроинвертебрати, меѓу кои шесте Балкански ендемични пролетници Brachyptera graeca, Isoperla belai, Isoperla oxylepis subsp. balcanica, Protonemura mattheyi, Protonemura rauschi и Leuctra olympia, како и Македонските ендемити Taeniopteryx stankovitchi и Capnioneura balkanica subsp. macedonica вклучени на Националната Листа 2 на Заштитени диви видови во Р. Северна Македонија. Дополнително, во водите на реката се сретнуваат и ларвите на пролетницата Dinocras cephalotes и вилинското коњче Somatochlora meridionalis кои претставуваат ретки видови, присутни само во неколку региони на територијата на Р. С. Македонија. Овие податоци се утврдени со истражување спроведено во 2024 година. Исто така, во 2024 година во реката Дошница се пронајдени и два вида риби – Salmo macedonicus и Barbus balcanicus, кои се индикатори за идно Натура 2000 подрачје“, нагласуваат од „Еко-евест“.

Според „Еко-евест“, неспорно е дека изградбата и работата на малите хидроцентрали на горното течение на реката Дошница со биолошки минимум и со несоодветни стандарди за изградба на рибни патеки, ќе влијаат негативно на екосистемот и ќе причини сериозни штети врз идното заштитено подрачје.

„Дополнително, во процесот на истражување и изработка на студија за валоризација на заштитено подрачје, не е препорачливо да се вршат градежни зафати и инфраструктурни проекти, кои директно ќе влијаат на наодите во студијата како и врз идното заштитено подрачје во целост“, стои во писмото до ресорното министерство.

Истовремено, наведуваат од „Еко-свест“, елаборатите за овие две хидроцентрали (изработени пред 2019 година) не го земаат предвид фактот дека во реката Дошница живеат строго заштитени и ендемични видови, и дека горното течение на реката ќе има директно влијание врз долното течение и идното заштитено подрачје, врз кое не смее негативно да се влијае.

„Од горенаведените аспекти, бараме од Министерството за животна средина и просторно планирање од инвеститорот да побара: Извештај за спроведен мониторинг на биолошката разновидност во времетраење од 12 месеци на локациите каде е планирана изградбата на проектите; Извештај од спроведен мониторинг на водниот тек, изработен од експерт хидролог со кој ќе се утврди еколошкиот проток за реката Дошница; Предлог мерки за заштита кои се однесуваат на пределот опфатен со идното заштитено подрачје; Предлог техничка изведба на рибна патека, која треба да биде изработена од стручни лица и експерти во областа на ихтиофауната; Изработка на нови елаборати за животна средина за двете хидроцентрали со вклучување на аспектот на еколошки проток, со цел избегнување на штети врз екосистемот на реката Дошница“, се вели во писмото.

Согласно овие документи, бараат МЖСПП да ја ажурира еколошката дозвола на инвеститорот со цел вградување на новите аспекти во дозволата. Имајќи предвид дека елаборатите се изработени пред 2019 година, од кога се поминати 6 години, укажуваат дека поради новата состојба и новите достапни податоци, потребно е ажурирање на истите, или изработка на нови, од концесионерот.

„Напоменуваме дека и во случаите кога за проектите се изработува Оцена на влијание врз животната средина, важноста на истата е до 2 години. Поради важноста на заштитата на реката Дошница, како главна артерија на идното заштитено подрачје, бараме Министерот да постапи согласно наведените аспекти“, е нагласено во писмото на „Еко-свест“, потпишано од извршната директорка Ана Чоловиќ Лешоска.

TAGGED:дошницаекосвестхидроцентрали
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Кардел со порака да се искористи моментумот за членство во ЕУ, Милошоски забележа дека истата фраза ја слушаме 20 години
Следна статија Возач загина откако излета од патот Битола – Демир Хисар

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Левица предложи нов закон за 18 месеци платено породилно отсуство

„Во време кога Македонија се соочува со сериозна демографска криза, Левица предложи нов закон за 18 месеци платено породилно отсуство,…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули

Од денеска до 31 јули трае електронското пријавување за сместување во државните и приватните студентски домови низ државава за академската…

July 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците – нови ригорозни мерки

Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот…

August 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Припадниците на БСС и ЕБР ја покажаа синергијата, квалитетот и професионалноста

Денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски…

October 12, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?