strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Почна изградбата на ветерниот парк кај Штип, 500 милиони долари инвестиција, струја за над 100 илјади домаќинства
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Почна изградбата на ветерниот парк кај Штип, 500 милиони долари инвестиција, струја за над 100 илјади домаќинства
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Почна изградбата на ветерниот парк кај Штип, 500 милиони долари инвестиција, струја за над 100 илјади домаќинства

Објавено July 16, 2025 12:50
strana.mk
Сподели
Сподели

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција од 500 милони долари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100 илјади домаќинства. Новиот ветерен парк најавен како најголем во Западен Балкан, е значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на земјата.

Коосновачот и управувачки партнер на „Алказар енерџи“ Даниел Калдерон најави намалување на цената на струјата со овој проект за чиј старт ја истакна подготвеноста на државата, како што рече, со покажано лидерство и дисциплина.

Раководството на државата нас не туркаше да ги завршиме работите побргу. Ги поставуваме темелите на овој значаен проект над 500 милиони долари, кој ќе создаде 600 работни места, ќе создаде чиста енергија, ќе ги намали емисиите на јаглероден диоксид – рече Колдерон.

Тој сподели дека според анализа на Блумберг во Западен Балкан ќе има нови инвестиции во обновливи извори на енергија во износ од 11 милијари долари, во кои, рече дека државава би имала удел од 30 до 40 проценти поради позицијата, човечкиот капитал и дисциплината.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека по повеќе од една година тоа што го ветиле со инвеститорот денеска добива завршница на првата фаза.

Дисциплината е секогаш најважна, ако нема дисциплина и јасна поставена структура на еден проект тогаш нема ништо. Имаме уште многу идеи како оваа ивестиција може да додаде уште поголема вредност и за компанијата и за нас како држава – рече Мицкоски.

Владата, како што наведе, сериозно е посветена на економијата бидејќи силно веруваме дека имаме огромен потенцијал кој може да не одведе со гигантски чекори напред. – Тоа го правиме и такви се првичните индикатори од почетокот на оваа година, посочи премиерот.

Според вицепремиерот и министерот за транспорт и врски Александар Николовски, со реализацијата на оваа, како што истакна, најголема инвестиција во обновливи извори на енергија, покажуваме дека како нација можеме да водиме големи проекти.

Во однос на економијата имаме директен и индиректе импакт, директниот е она што ќе се произведе и продаде и влегува во БДП, но индиректниот е многу поголем, пред се, за стопанството и индустрјата. Правилата на ЕУ во однос на зелената транзција се дека во металната, челичната индустрија, кои придонесуваат најмногу за нашиот БДП дека веќе од 2026 година мора да се користи зелена енергија. Во спротивно ќе се плаќа казна, за да го спречиме тоа, за да дадеме шанса на нашата економија да е конкурентна надвор вакви проекти ќе придонесат за да бидеме лидери и во индустриското производство – рече Николоски.

TAGGED:Ветерен паркМицкоскиШтип
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Народна банка: Се намалуваат надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА
Следна статија Младите хемичари освоија сребро и бронза на светската олимпијада во Дубаи

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во повеќе градови почнува бесплатен скрининг за детектирање на болести на црниот дроб

Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и…

July 28, 2025
Нова студија открива: Дали стевиата може да се користи како лек за рак?

Според ново истражување, растителна замена за шеќер - стевиа, би можела да…

July 27, 2025

Како изгледа гасењето пожар со ново адаптираните возила БТР и Пинцгауер

Пожари беснеат во целиот регион. Сушното…

July 29, 2025

Идната година студентите ќе се вселуваат во домот „Кузман“, до крајот на мандатот на Владата ќе бидат реновирани сите студентски домови

Идната година ќе почне сместувањето на…

July 29, 2025

Челзи со уште две засилувања за 100 милиони евра

Лондонски Челзи не запира со доведување…

July 29, 2025

Купила куќа во Италија за едно евро, па направила дом од соништата

Мередит Табон (45), финансиски советник од…

July 29, 2025

РАЗНО

НАСЛОВНИХРОНИКА

Видевски: Го прашав Палчо зошто ја уби Вања, тој само ги крена рамениците

На денешното рочиште за убиството на малолетната Вања и велешанецот Панче се читаше исказот на Боре Видевски. Исто така, Судот…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Македонскиот пасош на 40-то место во светот, без визи може да се патува во 129 земји

Со македонски пасош без визи може да се патува во 129 земји, што го рангира на 40-то место според индексот…

January 9, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски прашува: Зошто за нас ставањето на Бугарите во Устав е услов за ЕУ, а за Албанија не е?

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека стратегија на Владата е најпрвин економски да се зајакне земјава, а потоа од консолидираните пари…

February 12, 2025
НАСЛОВНИХРОНИКА

Уапсени 35 цариници и полицајци во вчерашната голема полициска акција

Во големата полициска акција за која информираше 24инфо.мк уапсени се најмалку 35 полицајци и вработени во Царина. Акцијата се одвивале…

October 16, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?