strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Меџити: Стартува операцијата за искоренување на коцкарската мафија
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Меџити: Стартува операцијата за искоренување на коцкарската мафија
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Стартува операцијата за искоренување на коцкарската мафија

Објавено July 16, 2025 16:22
strana.mk
Сподели
Сподели

Првиот вицепремиер и Министерстер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес одржа прес-конференција.

„Казино индустријата, која подолго време беше претворена во главно бизнис претпријатие во нашата земја, сега доживува сериозен удар. Денес почнуваме со воспоставување ред и искоренување на злото што ни го остави како „подарок“ претходната влада, изјави Меџити.

Тој додаде дека Владата вчера го усвоила Предлог-законот за игрите на среќа и дека 0ва е многу значаен чекор во борбата против мафијата на коцкањето, за што лично се обврзав уште од првиот ден кога ја презедов функцијата Прв Вицепремиер.

Во продолжение интегралниот говор од денешната прес конференција:

„Ние наследивме општество во кое коцкањето беше во подем, казината и обложувалниците беа отворени на секој агол. Денес, на територијата на целата држава функционираат најмалку 1500 центри ѕа коцкање, обложувалници и апарати за коцкање. За жал, мојот претходник лично се залагаше за проширување на овој профитабилен бизнис за мафијата, но разорувачки за семејствата.
• Со Предлог-законот кој го усвоивме вчера во Владата, уште на почетокот ќе се намали присуството на оваа колективна катастрофа за најмалку 70%! Го потенцирам – ОВА Е САМО ПОЧЕТОК! Од над 7.000 VLT апарати, со првиот удар ќе се отстранат 4.000;
• Го забрануваме рекламирањето на коцкањето;
• Казина повеќе нема да има низ населените места, градови и села како што е случај денес;
• Ги отстрануваме коцкарските клубови и обложувалниците кои организираат коцкање и сите други форми на коцкарски објекти најмалку 500 метри од школските објекти;

  • Ги зголемуваме даноците и давачките за да се отежни процедурата за отворање на обложувалници. За споредба, во претходната влада, со една лиценца компаниите отвораа неограничен број објекти. Тоа повеќе нема да биде можно.

Борбата против индустријата на коцкањето е тешка и опасна борба. Станува збор за добро организирана структура со криминогена природа, која ги надминува државните граници и не признава бариери – ниту политички, ниту етнички, ниту национални, ниту верски. Мафијата на коцкањето е ракот на нашето општество – таа ветува среќа, но носи само несреќа! И токму оваа структура ни ја остави во наследство претходната Влада!
Сепак, сакам да ве уверам дека првите конкретни резултати од нашата решителна борба против криминалната индустрија на коцкање и игрите на среќа веќе пристигнуваат.
Минатиот месец започна затворањето на стотици нелегални онлајн страници за коцкање кои нудеа услуги во нашата земја. До денес затворивме над 200 онлајн страници за коцкање, кои тивко – како рак – почнаа да ја заразуваат секоја фамилија, секое село, секое населено место, секој град.
Ако до вчера имавме казина покрај училишта, покрај домовите, во животите на нашите деца – денес воспоставуваме ред, закон и достоинство. До вчера, претходната Влада градела коцкарска империја врз сиромаштијата и очајот на Албанците. Денес, нашата Влада ги урива тие криминални империи и ја гради иднината.
За жал, претходната влада си играше коцка со судбината на Албанците. Сиромаштијата ја претвори во бизнис, а очајот во глас. Тој период заврши. Новата влада не е дел од стариот систем. Ние не зборуваме со празни зборови. Нашата влада делува. Ова е борба за иднината, за нашите деца, за нашата младина, за нашите семејства.
Казиното не е развој, тоа е уништување. Казиното не е напредок, тоа е рана. Казиното не е економија, тоа е криминал. Ќе го искорениме овој систем, до корен. Ова е промената што ја ветивме како Влада. Ова е државата што нашите граѓани ја заслужуваат. Ова е почетокот на една нова ера“, изјави Меџити.

TAGGED:изет меџитикоцкарска мафија
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Градоначалникот на Истанбул осуден на една година и осум месеци затвор
Следна статија Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Премиерот Мицкоски со поддршка за ракометарите: И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци!

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски им изрази поддршка на македонските ракометари. -И во победа и во пораз сме заедно,…

January 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

УНОПС со поддршка за Македонија во борбата против корупцијата

Заменик претседателот на владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, за време на официјалната посета во Брисел, денеска…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски објави СКАНДАЛ: Наместо да работаат, ДУИ и СДСМ ја следеле опозицијата преку разузнавачки служби

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања, потенцираше дека кога СДСМ и ДУИ биле на власт…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Чавков до ќерка си: Според нив и нивниот правосуден систем со 2% доверба си ќерка на терорист, но за 98% од граѓаните си ќерка на политички затвореник

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, кој е осуден за тероризам за настаните од 27 април испрати порака до својата…

February 5, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?