strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Јаневска: Нема трајно вработување за образовните асистенти
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Нема трајно вработување за образовните асистенти
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Јаневска: Нема трајно вработување за образовните асистенти

Објавено July 20, 2025 09:59
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерката за образование Весна Јаневска вели дека барањето на родителите на деца со атипичен развој за трајно вработување на образовните асистенти не може да се исполни, бидејќи потребите во училиштата се менуваат. Таа објаснува дека честите промени на асистентите се резултат на флексибилноста на системот, каде што бројот на деца со посебни образовни потреби варира од година во година.

Contents
Состојбата во образованието и системските предизвициЕдносменско образование и оптимизација на училиштатаВештачка интелигенција и технолошки капацитетиНаучно-технолошкиот парк и доградбата на факултетите

„Министерството е во постојан контакт со ресурсните центри и врши надзор. Но, прво училиштата треба да ги пријават своите потреби по запишувањето на учениците. Тоа бара време“, изјави Јаневска во интервју за РСЕ.

Образовни Асистенти не се вработуваат трајно бидејќи Комисијата за функционална проценка одлучува кога некое дете има потреба од асистент – и кога таа потреба престанува, што е и крајната цел: детето да стане самостојно. Некои родители сакаат асистент и по таа оценка, што, според министерката, создава недоразбирања.

Таа посочи дека често се мешаат улогите на образовниот и личниот асистент, кои се различни функции. Оваа година се ангажирани 1.876 образовни асистенти во основното образование, што е значително повеќе од бројката во времето на претходната власт, кога имало околу 1.000.

„Обезбедивме средства и за околу 150 обзовни асистенти во средното образование. Откако ќе ги добиеме точните бројки, ќе продолжиме со постапките за нивен ангажман.“

Јавевска не сака да дава „лажна надеж“ за трајно вработување на образовните асистенти, но вели дека доколку се појави можност за тоа, таа ќе ја поддржи.

Таа ја критикува политиката на „тотална инклузија“ од претходните министри, која предвидувала сите деца со попреченост да бидат во редовна настава, без доволна поддршка. Според неа, стручните служби – дефектолози, психолози, социјални работници – треба да бидат директно вклучени кога нема достапен асистент.

„Знам дека ова е осетлива тема. Затоа ги задржавме директорите на ресурсните центри, поставени од претходната власт, заради нивната стручност и искуство. Тие ќе се справуваат со конкретните ситуации.“

Министерката смета дека министерството не може да решава поединечни случаи на образовни асистенти и родители– тоа е задача на ресурсните центри, а министерот интервенира само кога тие не можат.

Состојбата во образованието и системските предизвици

Министерката се осврна и на поразителните резултати од ПИСА тестирањата и инфлацијата на високи оценки во основното образование.

„Работиме на доедукација на наставниците, но проблемот не е само кај нив. Притисок има и од родителите, а и во целото општество. Некои родители мислат дека нивните деца се одлични само поради петките, но тестирањата покажуваат спротивно.“

Јавевска вели дека не се дозволува веќе наставничките совети да ги поправаат оценките. Таа исто така ги идентификува главните причини за слабите резултати на ПИСА: несериозен пристап кон тестирањето, лоши преводи и недоволна информираност кај наставниците за форматот на прашањата.

Едносменско образование и оптимизација на училиштата

Во однос на ветувањето за едносменско образование, министерката признава дека само околу 150 училишта во земјата имаат такви услови. За надминување на проблемот, веќе се потпишани договори за доградба на училишта во скопските општини. Таа најавува и продолжување на оптимизацијата – затворање на подрачни училишта со многу мал број ученици, освен ако не се оддалечени повеќе од 30 километри од централното училиште.

Вештачка интелигенција и технолошки капацитети

Според Јавевска, речиси сите основни училишта имаат барем неколку компјутери, а некои и смарт табли и проектори. Министерството инвестира во опрема, но во меѓувреме, некои училишта самостојно бараат донации, што министерката го поздравува како „менаџерски пристап“.

„Воведувањето на вештачка интелигенција нема да им користи само на учениците, туку и на наставниците, директорите и целата организација.“

Научно-технолошкиот парк и доградбата на факултетите

На крај, министерката ја коментира изградбата на нов научно-технолошки парк во кампусот на УКИМ, кој ќе биде одделен од доградбата на двете постоечки факултетски згради – ФЕИТ и за физичка култура – кои, според неа, намерно биле оставени недоградени.

„Тие згради ќе се доградат. Технолошкиот парк е неопходен за државата, бидејќи Македонија нема природни ресурси, но има човечки потенцијал – ум.“

TAGGED:весна јаневскаобразовни асистенти
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Сончево и топло, со температура до 39 степени
Следна статија Барселона и Манчестер јунајтед се договорија за Рашфорд

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во повеќе градови почнува бесплатен скрининг за детектирање на болести на црниот дроб

Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и…

July 28, 2025
Нова студија открива: Дали стевиата може да се користи како лек за рак?

Според ново истражување, растителна замена за шеќер - стевиа, би можела да…

July 27, 2025

Од денеска изменет сообраќаен режим на мостот „Влајко“

Општина Карпош ја информира јавноста дека…

July 29, 2025

Кавадарчанка го пријавила поранешниот партнер за вознемирување

Кавадарчанка пријавила вознемирување од поранешниот партнер,…

July 29, 2025

Бебе затруено со лекови хоспитализирано во Куманово

Десетмесечно бебе вчера било донесено во…

July 29, 2025

(ФОТО) Шоферот на Заев со лисици на рацете, осомничен за подметнување на пожар

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска истакнаа дека ова…

July 29, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

ЈО: Обвинение против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се враќал да извлече повеќе млади но се срушил кровот, Георги зад себе остава двомесечно дете

Георги Величков, еден од жртвите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, херојски се враќал во објектот неколку пати, обидувајќи…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Немаме земено плата за март и ги поминавме и Велигден и 1 мај без плата: Вработените во ЗОО на протест

Вработени во Зоолошката градина-Скопје за време на паузата излегоа на протест пред установата за да ги повикаат надлежните институции –…

May 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ивановска: Претседателката на ДКСК мора под итно да си поднесе оставка за да може институцијата слободно да се чисти

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) мора најитно да си поднесе оставка, затоа што на овој начин…

April 28, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?