strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Муцунски – Герапетритис: Грција ја поддржува Македонија на нејзиниот европски пат
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски – Герапетритис: Грција ја поддржува Македонија на нејзиниот европски пат
МАКЕДОНИЈА

Муцунски – Герапетритис: Грција ја поддржува Македонија на нејзиниот европски пат

Објавено July 23, 2025 14:23
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, во рамки на работната посета на Грција, оствари средба со шефот на грчката дипломатија, министерот Јоргос Герапетритис.

Министрите Муцунски и Герапетритис изразија задоволство од денешната средба, во период кога двете страни посветено работат на унапредување на односите помеѓу двете земји. Притоа имаа отворен разговор и размена на мислења за повеќе прашања од заеднички интерес соопштија од Министерството.

На средбата, од страна на министерот Муцунски била изразена искрена благодарност за солидарноста што Грција ја покажа за време на трагедијата во Кочани и неодамнешните итни состојби во близина на Дојран. „Тоа не беа само гестови на помош – туку вистински дела на пријателство“, истакна министерот Муцунски.

На средбата стана збор и за безбедноста – како на регионално, така и на глобално ниво. Беше потврдено заедничкото делување во рамките на НАТО и потребата од блиска координација во овие неизвесни времиња. Воедно, министрите се осврнаа на процесот на евроинтеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија. Во оваа насока, министерот Герапетритис ја нагласи силната поддршка за нашиот евроинтеграциски пат.

„Сакам уште еднаш да ја истакнам поддршката на Грција за напредокот на Северна Македонија на нејзиниот европски пат, врз основа на воспоставените условности и принципот на сопствени заслуги, со посебен фокус на основните критериуми“, додаде грчкиот министер Герапетритис.

Почитувањето на меѓународното јавно право останува императив за двете страни, а билатералните односи, како и досега, ќе се засноваат на меѓусебно разбирање како соседи и сојузници во НАТО, констатираа двајцата министри како заклучок од средбата.

Во фокусот на средбата беше унапредувањето на соработката помеѓу двете земји, а акцентот беше ставен на потенцијалот за економска соработка помеѓу двете држави, како и на соработката во делот на инфраструктурата и енергетиката.

„Нашиот фокус беше и на резултати кои носат придобивки за граѓаните. Инвестиции. Трговија. Инфраструктура. Енергија. Разговаравме за проекти како Kоридорот 10 и гасниот интерконектор – не само како технички проекти, туку како двигатели на раст, безбедност и регионална поврзаност“, нагласи министерот Муцунски по средбата.

TAGGED:герапетритисгрцијамуцунски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија УЈП со засилени контроли: Таксисти издавајте фискални сметки
Следна статија Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

(ВИДЕО) Во Србија уапсен поранешен кошаркарски репрезентативец

Владимир Штимац, поранешен српски кошаркар и…

November 3, 2025

(ВИДЕО) Ацевски од СДСМ поднесе оставка и го повикува Филипче и целото раководство на СДСМ да го сторат истото

Кандидатот за градоначлник за општина Ѓорче…

November 3, 2025

(ВИДЕО) Лукровски веќе прогласи победа во Карпош

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на…

November 2, 2025

(ВИДЕО) Никој не очекуваше дека во мојот град ќе се вее бугарското знаме – Мики откри што се случило

Не стивнуваат реакциите по големиот гаф…

November 2, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Aли Ахмети се фати на оро на свадба во Кичево

Али Ахмети присуствуваше на свадба во Кичево.Лидерот на ДУИ не одолеа на музиката и тапаните и се фати на оро.

July 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Покровител на годинешниот коњички „Илинденски марш 1978“ е премиерот Мицкоски

На конкурсот за учество на традиционалниот коњички марш што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Карактерот на средбите во САД беше на највисоко ниво досега

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „360 степени” говорејќи околу посетата на САД по повод инаугурацијата…

January 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Еко-свест“ бара од Министерството за животна средина да преземе мерки против хидроцентралите на Дошница

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ информира дека испратиле писмо со барање до министерот за животна средина…

July 14, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?