62 години од земјотресот во кој Скопје го доживеа најтешкиот момент во својата историја. Земјотресот што го разурна градот однесе над 1.000 животи, илјадници беа повредени, а стотици илјади останаа без покрив над глава, напиша на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски.
Денес по 62 години, се сеќаваме не само на болката, туку и на светлината што ја донесоа луѓето од светот. Над 80 држави испратија помош, медицински тимови, храна, шатори и поддршка. Обединетите нации го прогласија Скопје за град на светска солидарност, а токму таа подадена рака од целиот свет помогна градот повторно да се изгради. Земјотресот не потсети дека животот може да се промени за миг. Но и дека во најтешките моменти, токму солидарноста, човечноста и заедништвото се темелот врз кој можеме повторно да го изградиме градот. Скопје е денес симбол на истрајноста и солидарноста, истакна Мицкоски.