strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: ФОТО: Повторно поставен споменикот на Андон Лазов Ќосето кај хотелот „Континентал“
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > ФОТО: Повторно поставен споменикот на Андон Лазов Ќосето кај хотелот „Континентал“
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

ФОТО: Повторно поставен споменикот на Андон Лазов Ќосето кај хотелот „Континентал“

Објавено July 28, 2025 08:52
strana.mk
Сподели
Сподели

Во текот на ноќта, на кружниот тек кај хотелот „Континентал“ во Скопје беше повторно поставен споменикот на Андон Лазов Ќосето, кој пред шест години беше отстранет од пред зградата на Врховниот суд од страна на тогашната градска власт, предводена од поранешниот градоначалник Петре Шилегов.

На локацијата е изграден нов бетонски постамент, на кој повторно е поставена скулптурата на Ќосето, прикажан со кама во рака. Одлуката за враќање на споменикот беше донесена од Советот на Град Скопје во декември 2023 година. Актуелната градоначалничка Данела Арсовска уште во првите месеци од мандатот најави дека ќе го врати споменикот на Ќосето.

Во врска со поставувањето на спомен-обележјето, Град Скопје преку соопштение информира:

„Со поставувањето на спомен обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија. Андон Лазов Ќосето, познат по својата борбеност и непокор, е симбол на македонската историја и еден од истакнатите учесници во Илинденското востание. Неговата улога во револуционерното движење е од непроценливо значење за денешната слобода и независност на нашата држава.“

Споменикот на Ќосето беше првиот што беше отстранет од проектот „Скопје 2014“ во 2018 година, исто така во доцните ноќни часови, како што беше и првично поставен. Историчарите имаат поделени мислења за Ќосето – за едни тој е патриот и борец против непријателите на ВМРО, додека за други е контроверзен лик со темна улога, вклучително и наводна ликвидација на сопствениот брат.

Поставувањето на споменикот повторно ја отвори јавната дебата околу симболите и толкувањата на македонската револуционерна историја.

TAGGED:СкопјеСпоменикЌосето
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (Видео) Јокиќ со солзи ја прослави победата на својот коњ
Следна статија Драматично видео: патник во авион извикувал „Алах Акбар“ и дека има бомба

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од…

January 13, 2026

Премиерот Мицкоски на Вевчански карневал

Денес присуствував во Вевчани на карневалот,…

January 13, 2026

(ВИДЕО) Лице поминува, удира со рака го крши стаклото на Бугарската амбасада и заминува

Објавена е видео снимка од моментот…

January 12, 2026

(ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале

Двајца вработени во мобилниот оператор А1…

January 11, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски учествуваше на првата сесија од „Берлинскиот процес”

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше на првата сесија од „Берлинскиот процес” посветен на регионалната соработка и заедничкиот регионален…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Таравари: 57 пациенти се лекуваат во болниците низ Скопје и странство, двајца во критична состојба

Вкупно 57 од 193 пациенти од трагедијата во Кочани остануваат да се лекуваат во болниците низ Скопје и странство, двајца…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

(Видео) Еве како беше пречекан во училиште младиот херој Јован од Виница кој спаси повеќе од 20 деца од дискотеката Пулс

Деветнаесетгодишниот херој Јован Костадинов од Виница кој без многу да му ја мисли влетал во огнот во дискотеката во Кочани…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се подобрува правната рамка за квалитетoт на воздухот

Со поддршка на ЕУ ИПА 2-програмата во номври 2024 година почната е имплементацијата на проект со кој ќе се доусогласува…

January 29, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?