strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Можен пресврт: Принц Хари и кралското семејство чекор поблиску до помирување
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗАБАВА > Можен пресврт: Принц Хари и кралското семејство чекор поблиску до помирување
ЗАБАВА

Можен пресврт: Принц Хари и кралското семејство чекор поблиску до помирување

Објавено July 29, 2025 09:44
strana.mk
Сподели
Сподели

Со години наназад, односот помеѓу принцот Хари и остатокот од неговото семејство е напнат, но нови информации укажуваат дека ситуацијата, барем делумно, би можела да се промени.

Имено, по венчавањето со Меган Маркл и преселбата во САД, односите се заладија, а се чини дека дополнително се влошија откако Хари пред неколку години ги објави своите мемоари со наслов „Резерва“.

Односите не се подобрија ни откако кралот Чарлс минатата година објави дека му е дијагностициран рак. Јавноста очекуваше семејството тогаш да ги „закопа секирите“, да се помири и да ги надмине недоразбирањата. Сепак, Хари тогаш го посети татка си многу кратко, престојуваше во хотел и брзо се врати во САД.

Во последно време се зборува за можност за помирување.

Според медиумите, нема веднаш да се разговара за тешките теми, но договорени се неколку конкретни чекори.

„Дејли мејл“ наведува дека првиот чекор е споделување на распоредот на обврски на семејството на Сасексови со остатокот од кралското семејство. Тоа, наводно, треба да ги „намали тензиите“ меѓу нив. И принцот Хари на тоа се согласил, објавија британските медиуми, додавајќи дека ќе го сподели својот распоред за да не се преклопува со обврските на неговото семејство.

Ова се случи откако Хари го засени роденденот на кралицата Камила. Имено, тој се појави на насловните страници на британските медиуми откако замина во Ангола, каде што – како и неговата покојна мајка Дајана пред 28 години – шеташе низ минско поле. Фотографијата беше објавена на насловните страници и на тој начин 78. роденден на кралицата Камила дојде во втор план.

Најавено е дека Хари ќе го сподели својот распоред и со својот брат, принцот Вилијам, а можно е – кога веќе ќе имаат увид во бројните обврски – да се најде време и за евентуална средба.

Пред две недели „Дејли мејл“ објави дека се сретнале претставници на семејството на Сасексови и Бакингемската палата во Лондон, и тоа директорите на одделенијата за комуникација со јавноста – Тобин Андре и Мередит Мејнс. Извор за „Дејли мејл“ овие денови изјавил дека Хари се согласил да испрати „рамка“ од неговите обврски до Бакингемската и Кенсингтонската палата.

„Хари сѐ уште не е одушевен од идејата да биде ‘контролиран’ од кралската машинерија, и тоа нема да се смени. Но, ако кралското семејство го има неговиот распоред, ќе можат да ги планираат своите обврски во согласност со тоа. Тоа е значаен гест“, изјавил изворот.

TAGGED:кралско помирувањепринц хари
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Синер го отпуштил Паники поради „долгиот јазик“
Следна статија Српски турист казнет на Евзони со 1.200 евра, поради пропуст на бугарските граничари

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИЈЗ – Превенција на заболувања кои се пренесуваат преку храна вода

Летото и високите температуро го зголемуваат ризикот од појава на цревни инфекции,…

July 28, 2025
Во повеќе градови почнува бесплатен скрининг за детектирање на болести на црниот дроб

Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и…

July 28, 2025

Едномесечно бебе донесено починато на Детска клиника

На 29.07.2025 во 07.30 часот во…

July 30, 2025

Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027

До крајот на 2027 година треба…

July 30, 2025

Поднесено обвинение против мотоциклистот кој го усмрти Југослав Николовски

По целосно спроведена истражна постапка и…

July 30, 2025

Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките

Oд 4 август онколошките пациенти ќе…

July 30, 2025

РАЗНО

ЗАБАВА

Порно ѕвезда нуди бесплатни услуги за пожарникарите од Лос Анџелес за нивниот труд околу пожарите

Пожарите во Лос Анџелес станаа една од светските трагедии на почетокот на оваа година. Стихијата веќе предизвика смрт на 27…

January 26, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Пејач на концерт падна низ бина

Мегапопуларен пејач на концерт падна низ бина, публиката вресна. Фронтменот на „Coldplay“, Крис Мартин, настапуваше на четвртиот и последен концерт…

November 5, 2024
ЗАБАВА

Нема место за Безос: Граѓаните на Венеција против свадбата на милијардерот

Граѓаните на Венеција се собираат за да протестираат против свадбата на основачот на Амазон, Џеф Безос, и неговата избраничка, Лорен…

June 8, 2025
ЗАБАВА

Уловена Белa ајкула кај Црна Гора – ретка глетка во Јадранот

На 12 километри од брегот на Црна Гора, рибарот Гојко Митровиќ случајно улови млада бела ајкула, една од ретките забележани…

June 28, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?