strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Идната година студентите ќе се вселуваат во домот „Кузман“, до крајот на мандатот на Владата ќе бидат реновирани сите студентски домови
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Идната година студентите ќе се вселуваат во домот „Кузман“, до крајот на мандатот на Владата ќе бидат реновирани сите студентски домови
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Идната година студентите ќе се вселуваат во домот „Кузман“, до крајот на мандатот на Владата ќе бидат реновирани сите студентски домови

Објавено July 29, 2025 12:56
strana.mk
Сподели
Сподели

Идната година ќе почне сместувањето на студентите во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје кој се реконструира од минатата пролет.

Владата со помош на Европската Унија преку Германската развојна банка обезбеди средства за реконструкција на девет студентски домови во државава и во првата фаза се опфатени домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ во Скопје.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешниот увид во градежните активности на компанијата „Страбаг“ во студентскиот дом „Кузман“, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека со реновирањето објектите ќе бидат енергетски ефикасни. Како што рече, целта е да се подигне стандардот на студентите и „обезбедување нормални, а не супстандардни услови за живеење и учење на студентите“.

-Реконструкцијата е темелна и покрај градежните работи, опфаќа и водовод, канализација, енергетика, машинство, фотоволтаични панели, за да може потрошувачката на другиот тип на енергија, ослободувањето на јаглероден диоксид да се сведат на минимум. Исклучително е значајно што во приземјето се предвидени соби за студентите со посебни образовни потреби, кои досега ги немаше, а сега ќе ги има. Исто така, собите за студентите се уредуваат по највисоки стандарди, прозорците се од многу висок квалитет, дополнително, за заштеда на енергијата предвидено е паметна регулација – како на топлината, така и на светлината. Тоа значи дека кога студентот ќе излезе од собата, а заборавил да го изгаси светлото, тоа ќе се изгаси автоматски, а исто и греењето, изјави Јаневска.

Посочи дека проектот опфаќа три фази – во втората ќе бидат реновирани домовите во Охрид, Штип, Прилеп и студентскиот дом „Томе Стефановски -Сениќ” во Скопје, а во третата фаза – „Гоце Делчев“ во Скопје и студентскиот дом во Битола. Очекува целиот проект да заврши до крајот на мандатот на оваа Влада.

-Тоа значи дека ќе бидат опфатени сите домови во Македонија. Секоја од фазите би требало да чини околу 17 милиони евра. Досега имаме обезбедено 30 милиони евра за да ги довршиме овие проекти што сме ги започнале. Оваа влада се грижи за студентите, ќе треба малку време, ова ќе оди во фази, но студентите во Македонија конечно ќе имаат солидни услови во кои ќе живеат и работат, нагласи министерката за образование и наука.

Како и минатата година, и во оваа академска година, рече таа, додека трае реновирањето на домовите, сите студенти што ги исполнуваат условите ќе добијат сместување, а за тоа на располагање се и ученичките домови.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека се работи за значаен проект кој, рече, „долго време беше заглавен во лавиринти и процедури“.

Конечно е одглавен, навистина голем напор од страна на Министерството. Мислам дека сето она што го кажа министерката ќе се случи. За нас е важно да се заврши овој проект и младите луѓе, студентите, конечно да добијат повеќе од добри услови за сместување. Барем од она што го видовме внатре, една просторија како тоа би изгледало, споредено со тоа како било порано, станува збор за огромна разлика. Навистина ќе уживаат во совладувањето на материјата на факултетите. Можам само да посакам успешно студирање, побргу да се заврши проектот и студентите да почнат да се вселуваат. Како што кажа и министерката, во текот на следната година очекуваме полека да се вселуваат студентите. Како Влада, нашата цел е реализација на проекти, реформи, бидејќи тоа од нас го очекуваат граѓаните – да градиме, а не како што беше во минатото – кога владите крадеа, и тоа ужасно многу крадеа од граѓаните, и ништо не успеаја да направат, изјави Мицкоски по направениот увид во градежните работи за реконструкција на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во центарот на Скопје.

TAGGED:МицкоскиСтудентски домови
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Челзи со уште две засилувања за 100 милиони евра
Следна статија Како изгледа гасењето пожар со ново адаптираните возила БТР и Пинцгауер

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките

Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија…

July 30, 2025
ИЈЗ – Превенција на заболувања кои се пренесуваат преку храна вода

Летото и високите температуро го зголемуваат ризикот од појава на цревни инфекции,…

July 28, 2025

YouTube воведува автоматски ограничувања за малолетни корисници почнувајќи од 13 август

YouTube ќе користи вештачка интелигенција за…

July 30, 2025

Кривична пријава за криумчарење пиротехника – запленети и цигари и фалсификувана стока

Кривична пријава е поднесена за македонски…

July 30, 2025

Шкендија ја победи Стеауа, обезбеди најмалку групна фаза во Конференциската лига

Македонскиот шампион Шкендија заслужено избори пласман…

July 30, 2025

(ВИДЕО) По разорниот земјотрес, еруптираше вулкан на Камчатка

Информацијата ја потврди и филијалата на…

July 30, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Лидерите на верските заедници потпишаа декларација за борба против насилен екстремизам

Верските лидери од Македонија здружено ќе се борат против насилниот екстремизам. Се заложија да ја зајакнат заедницата за да превенираат…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Сиљановска-Давкова: Пораки за македонскиот јазик ќе праќаат и по мене и по нас, оти додека нè има, ќе го има и него: јазикот наш насушен

Денеска, на 5 Мај, праќаме важни пораки за македонскиот јазик до сите Македонци, каде и да се, до познавачите и…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гужви на границите, се чека најмалку еден час само на македонска страна

На граничните премини Богородица и Табановце, од македонска страна, поради зголемена фреквенција има задржувања околу еден час. На останатите премини…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Силвија Думинуцо од Италија ја бара биолошката мајка во Македонија

Дваесет и седумгодишната Силвија Думинуцо живее во Италија заедно со Енцо и Лилијана Думинуцо кои ја посвоиле во 2003 година.…

May 25, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?