strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Меџити: Најверојатно ќе бидам кандидатот за Чаир, најдобар ветинг ќе направат граѓаните на претстојните локални избори
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ПОЛИТИКА > Меџити: Најверојатно ќе бидам кандидатот за Чаир, најдобар ветинг ќе направат граѓаните на претстојните локални избори
ПОЛИТИКА

Меџити: Најверојатно ќе бидам кандидатот за Чаир, најдобар ветинг ќе направат граѓаните на претстојните локални избори

Објавено July 29, 2025 13:48
strana.mk
Сподели
Сподели

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска истакна дека најверојатно тој ќе биде кандидат за градоначалник на Чаир на ВРЕДИ на престојните локални избори.

Меџити денеска на потпишување на договор за набавка на опрема за управување со отпад за 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, одговарајќи на новинарско прашање дали тој ќе биде кандидат на ВРЕДИ за Чаир кусо одговори: „Најверојатно да“.

Тој истакна дека при крај се консултациите и се чекаат резултатите од анкетите и додаде дека верува оти до крајот на неделата ќе излезат со листа на кандидати од Струга до Липково, со целосен список на градоначалници.

-При крај се консултациите, ги чекаме резултатите од анкетиве, бидејќи сакаме да ги избереме најдобрите, најпрофесионалните, да го дадеме најдоброто решение за секоја општина и тие нема да бидат само победници и победнички листи, туку ќе бидат и најдобрите во реализацијата на она што најмногу може да се направи за тие општини, во кои ќе се кандидираат. Мислам дека до крајот на неделата ќе ги имаме кандидатите од ВЛЕН, од Струга до Липково, за секоја општина посебно, нагласи Меџити.

Во однос на тоа во кои општини е договорена меѓусебна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ, Меџити не кажа конкретни општини, но напомена дека ќе постапат онака како што досега се постапувало, како што и досега заемно се поддржувале владините или опозициските партнери, ќе си помогнат едни со други, онаму каде што не можат сами.

За тоа каде ја очекува најголемата битка со ДУИ, Меџити истакна дека ДУИ веќе ја изгубила битката уште пред да почнат изборите, бидејќи го намалила бројот на кандидатите од претходно во интерес на двете алијанси.

-Прво ДУИ ја изгуби битката уште пред да почне, мнозинско албански општини се 15 до 14, реално ДУИ пред да почне битката седум или осум ги даде на двете алијанси и ако денес ДУИ има 11 – 12 градоначалници сега има само седум кандидати, а од тие седум прашањето е колку ќе победат. Мислам дека најголем губитник на локалните избори ќе биде ДУИ, бидејќи ќе остане со две три општини и тоа ќе биде почеток на крајот, нагласи Меџити и додаде дека ВРЕДИ секаде ќе ги даде најдобрите кандидати, додека ДУИ оди со стари  веќе познати имиња.

Во однос на предлогот на ДУИ за носење закон за ветинг со меѓународен надзор, преку кој би се извршило проверка на потеклото на имот на сите носители на јавни функции во последните 33 години, тој истакна дека ДУИ треба да погледнат внатре во партијата, во која како што рече, половина од раководството се на Црната листа на САД, друг дел пак се со кривични дела, така што, според Меџити, најдобар ветинг за нив ќе направат граѓаните на претстојните локални избори.

На прашањето во однос на тоа дали има консензус за измени на Изборниот законик и дали некој намерно го кочи тоа прашање, Меџити истакна дека има различни размислувања за различни прашања кај различни партии.

-Има различни размислувања, кај помалите, поголемите партии, за посебни прашања треба посебни одговори, на пример за листите ВЛЕН има јасен одговор, дека сме за отворени листи бидејќи тие се најдемократски и најинклузивни, но за тоа треба консензус, истакна Меџити.

TAGGED:ГрадоначалникМеџитиЧаир
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Собранието ја изгласа интерпелацијата за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски
Следна статија Заев се оградува од пироманот: Уапсениот за подметнување пожар беше возач во Општината додека бев градоначалник

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките

Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија…

July 30, 2025
ИЈЗ – Превенција на заболувања кои се пренесуваат преку храна вода

Летото и високите температуро го зголемуваат ризикот од појава на цревни инфекции,…

July 28, 2025

Кремљ: Русија е имуна на најавените санкции на Трамп

Кремљ објави дека продолжува да ги…

July 30, 2025

YouTube воведува автоматски ограничувања за малолетни корисници почнувајќи од 13 август

YouTube ќе користи вештачка интелигенција за…

July 30, 2025

Кривична пријава за криумчарење пиротехника – запленети и цигари и фалсификувана стока

Кривична пријава е поднесена за македонски…

July 30, 2025

Шкендија ја победи Стеауа, обезбеди најмалку групна фаза во Конференциската лига

Македонскиот шампион Шкендија заслужено избори пласман…

July 30, 2025

РАЗНО

ПОЛИТИКА

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ: „Никогаш не сум изгубил избори“

Откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ги соопшти новите имиња на кандидатите за градоначалници на локалните избори, без да…

July 2, 2025
ПОЛИТИКА

Мисајловски од Брисел: Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата

Денеска и утре учествувам на состанокот на министри за одбрана на НАТО Алијансата кој ќе се реализира во неколку сесии,…

October 17, 2024
ПОЛИТИКА

Лефков: ДУИ како Влада поддржа укинување на балансерот, сега само манипулира со народот

Владата на ДУИ и СДС во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која…

October 12, 2024
ПОЛИТИКА

Жерновски: Дебакл на надворешната политика на Муцунски, ниту еден успех, само порази и понижувања

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ја критикуваше надворешната политика на актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерот за надворешни…

July 5, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?