strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Тоа што не успеаја Тодор Живков и други бугарски политичари со Македонија успеа во време на СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > НАСЛОВНИ > Мицкоски: Тоа што не успеаја Тодор Живков и други бугарски политичари со Македонија успеа во време на СДСМ
НАСЛОВНИПОЛИТИКА

Мицкоски: Тоа што не успеаја Тодор Живков и други бугарски политичари со Македонија успеа во време на СДСМ

Објавено July 31, 2025 14:12
strana.mk
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања во одговор на прашањето од Митко Трајчулески од СДСМ, за неисполнетите ветувања во однос на евроинтеграциите, одговори дека негаторските позиции за македонскиот идентитет и јазик не се новина во некои кругови во Бугарија и тие постојат уште од создавањето на бугарската држава до денес, критикувајќи ја опозицијата дека направила стратешка грешка со прифаќањето на т.н. Француски предлог.

Премиерот му порача на Трајчулески дека нема да ги коментира тезите од типот на патриоти и предавници.

-Нема да коментирам, би било лошо да коментирам, можеби некој од вашата пратеничка група ќе ве запознаат за состаноци кои се правеа кај претседателот Пендаровски итн… Ве упатувам таму да добиете одговор, но знам дека после тие состаноци магично во овој Парламент се смени Кривичниот законик со европско знаме, се избриша членот 353, некои дела застареа, некои дела не застареа. Но, кога сме кај политичката стратешка грешка, политичка стратешка грешка беше кога ве молевме да не го прифаќате тој предлог, затоа што го загрозувате не само европскиот пат и европската иднина на Македонија, туку влегувате во историска замка, рече Мицкоски.

Тој во контекст на тоа го спомена т.н. Бледски договор потпишан по завршувањето на Втората светска војна меѓу тогашниот претседател на СФРЈ и тогашниот претседател на Бугарија.

-Во креирањето на тој договор учествувале и претставници од Македонија. Договорот бил дека поради окупацијата на Македонија од страна на бугарските фашистички сили тие требале по ослободувањето да платат воена отштета од 50 милиони долари. Тоа им било простено, не требале да платат и за сметка на тоа дури и отстапиле одредени територии во делот на Димитровград, а за сметка на тоа било прифатено од бугарското раководство македонското население различно од бугарското, во тогашна западна Бугарија во делот на Пиринска Македонија, да има право на самоопределување, одвојување од тогашната комунистичка Бугарија и припојување на тогашната федерација на Југославија, рече Мицкоски.

Потсети дека после тоа во периодот до 47-ма година, меѓу 86 и 92 учители Македонци го учеле тогаш мнозинското македонско население во Западна Бугарија за македонската култура, јазик.

-Но тогаш се случува еден геостратешки потег во којшто лидерството на Советскиот сојуз влегува во конфликт со тогашна Југославија и тогаш лидерството на Советскиот сојуз му кажува на лидерството на комунистичка Бугарија да ги избрише сите права кои се доделени на македонскиот народ, рече Мицкоски, додавајќи дека била извршена асимилација.

Премиерот Мицкоски потсети дека негаторските позиции за македонскиот идентитет и јазик не се новина во некои кругови во Бугарија и тие постојат уште од создавањето на бугарската држава до денес.

-Нема да ве вратам во времето на Батембер, во времето на Егзахот Јосиф, како се обидувале да го асимилираат овој дел. Дошле и до вашето Крушево. Но не успеале. Потрошиле два буџети, но не успеале. Но тоа што го правеле, а потоа го продолжил Тодор Живков, вие го прифативте. Вие ли сега најдовте да ми кажувате? Тоа што не им успеало на Батемберг, преку Јосиф, преку оваа асимилаторска на Сталин, на комунистичкото раководство на Социјалистичка Бугарија, преку Тодор Живков, вие се прифативте. И да тешко е, преку ноќ не можеме за една година да го смениме, но ќе работиме да го менуваме. Бидете трпеливи. Во ваше време беше ерес да се спомене македонски идентитет и јазик во Извештај. Вие прифативте доброволно, потпишувајќи го, лажејќи тука во Парламентот, да ги асимилирате Македонците. Ние тоа нема да го правиме. Ние тоа ќе го исправиме. Бидете трпеливи, одговори Мицкоски.

Трајчулески му реплицираше на Мицкоски дека како премиер ја има најголемата одговорност да носи одлуки, да обезбеди максимален консензус со цел да ја обезбеди иднината на сегашните и на идните генерации.

Претходно, Трајчулески од говорницата оцени дека оваа власт „не само што не успеала да обезбеди подобрена Преговарачка рамка и уставни измени како што ветувала, туку нашите меѓународни позиции особено за нашиот европски пат, дополнително се влошиле“.

-Наместо подобрена Преговарачка рамка Македонија се соочи со силен ксенофобичен атак од страна на бугарските негатори на македонскиот јазик и идентитет олицетворен во дебатата за извештајот за Македонија во Европскиот парламент, рече Трајчулески.

Според него, се реотворило прашањето кое било целосно затворено за 26 земји-членки на Унијата, освен за Бугарија. Истакна дека сега повторно на маса се става македонскиот јазик и посебност кое беше целосно затворено прашање со признат македонски јазик и идентитет во сите официјални документи на Унијата, прашувакќи го премиеорт дали сака да ја врати Македонија во 2008 година.

TAGGED:БугаријаМицкоскиСДСМ
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?
Следна статија Најмалку 48 загинаа додека чекаа ред за помош во Газа, стравувањата од масовно гладување растат

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонецот д-р Иво Бошкоски воведе револуционерна метода за слабеење во болницата „Џемели“ во Рим

Тетовецот Иво Бошкоски, кој со години гради успешна кариера како доктор во…

August 1, 2025
Ревизија откри низа системски слабости во работењето на ФЗО: Слаба евиденција за дадени аванси за лекување во странство, слаби контролни системи…

Фондот за здравствено осигурување на Македонија доби мислење со резерва од страна…

July 31, 2025

ЈПДП: Девет фирми се поканети да достават финансиска понуда за изградба на автопатот Букојчани-Кичево

Јавното препријатие за државни патишта (ЈПДП)…

August 1, 2025

Мухамед повторно е најпопуларното име за бебиња родени во Англија

Мухамед и во 2024 година е…

August 1, 2025

Реплек со силен раст: Приходите од продажба во сегментот фармација пораснаа за 22%, нето добивката скокна за 90% во првото полугодие

Првото полугодие од 2025 година Реплек…

August 1, 2025

Сиљановска – Давкова: Да се држиме до Копенхагенските критериуми и до владеењето на правото

 Треба да се држиме до она…

August 1, 2025

РАЗНО

ПОЛИТИКА

СДСМ: Претседателката не го потпиша указот за Законот за заштита на децата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) попладнево објави дека претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, не го потпишала указот за Законот за…

January 5, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Живеачката станува неподнослива

 По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока, туку…

June 22, 2025
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит, најави Мицкоски

Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те…

November 24, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Утре e Бадник, а задутре Божик

Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Одбележувањето на Бадник…

January 5, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?