strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Очекуваме уште поголем бран инвестиции откако ќе го завршиме делот на преговори со САД за трговијата меѓу двете земји
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Очекуваме уште поголем бран инвестиции откако ќе го завршиме делот на преговори со САД за трговијата меѓу двете земји
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекуваме уште поголем бран инвестиции откако ќе го завршиме делот на преговори со САД за трговијата меѓу двете земји

Објавено July 31, 2025 16:58
strana.mk
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање дали може да се очекуваат засилени домашни и странски инвестиции, откри дека очекува засилен бран на инвестиции по преговорите со САД за трговија, но и за плановите и ангажманот на владата за привлекување на инвеститори во воената, медицинската и индустријата за батерии, со што би пораснал БДП, би пораснал извозот и би се сменило портфолиото на државата.

„Еден од успешните примери, успешна приказна е нова голема инвестиција токму на „Алказар“, од половина милијарда долари. Втор пример успешен, доколку овој меморандум за разбирање се операционализира што не се сомневам, е и „Акса груп“,од една милијарда евра, но истовремено е и потврда на други инвестиции коишто веќе ги објавивме изминатиот период, а коишто почнуваат или се во фаза на носење одлука за отпочнување на инвестирање тука и очекувам тој бран да се засили откако ќе го завршиме делот на преговори со САД за трговијата меѓу двете земји. Од тоа што го имаме како информација, веќе 8 инвестиции се потврдени дека до крајот на годината или отпочнуваат или ќе објават дека имаат донесено одлука за отпочнување инвестиција кај нас. Тоа е последната бројка којашто вчера ја добив од директорот на ТИРЗ, кој што вчера ми соопшти две добри вести.“

„Едната добра вест е дека компанија која што веќе кажа дека ќе инвестира во фарма бизнисот, дека ќе ја зголеми својата инвестиција за 60-тина проценти, а втората е во делот на индустријата за електрични батерии, којашто исто така е потврдена, но да оставиме тие самите да објават, па ние да ги потврдиме. Но истовремено очекувам покрај овие 8 инвестиции и неколку инвестиции коишто ќе ги направат и компаниите кои што веќе се присутни кај нас. Такви очекувам најмалку три, кои што ќе го зголемат извозот за дополнителни половина милијарда долари.“, истакна премиерот Мицкоски на пратеничко прашање за евентуални очекувања за нови странски директни инвестиции во Македонија.

„Кога станува збор за СДИ, тука немаме никакви дилеми дека продолжуваме да бидеме партнер на инвеститорите, да ги фасилитираме разговорите, со дел од нив којшто изгубиле надеж и се обиделе кај некои од нашите соседи, па се враќаат затоа што гледаат дека климата тука е променета, односот е различен, нема веќе „едно ваму, едно таму“, туку односот е искрен. Сакаме да помогнеме, со подадена рака, сите во владата работат да помогнат и МНР и надворешна трговија и министерството за транспорт коешто е во делот на урбанизација, министерствата за финансии, за економија, владата, секретаријатот, буквално сите коишто се директно или индиректно врзани со делот на надворешната трговија и економијата.“,посочи Мицкоски.

Премиерот во својот одговор на пратеничко прашање, премиерот посочи и на дел од развивање на нов модел на привлекување на инвеститори од воената индустрија.

„Заедно со МО и МВР во периодот кој што следи ќе се обидеме да развиеме еден нов модел на привлекување на инвеститори во воената индустрија. Сите сигнали кои што доаѓаат од членките на НАТО Алијансата се такви да пазарот на оружје драматично ќе доживее развој во годините кои што следат, бидејќи се зголемуваат трошоците во делот на одбраната. Тука станува збор за трилиони, илјадници милијарди долари кои што годишно ќе се трошат, и би било наивно како држава да не го препознаеме тоа и да не обезбедиме таков тип на посебни зони подготвени да производителите произведуваат воена опрема и оружје. Тоа не се воени зони, туку зони подготвени да прифатат инвеститори што инвестираат во воена опрема и оружје.

Навистина би било од наша страна наивно да не го препознаеме тоа, и да не ги привлечеме.“, потенцираше Мицкоски којшто откри дека веќе има разговори во овој дел, што драматично ќе допринесе во економијата.

„Веќе имаме разговори со неколку такви потенцијални инвеститори коишто ја препознаваат земјава како потенцијален домаќин, и ние како влада сакаме да креираме, да определиме неколку такви локации кадешто ќе развиваме таков тип на зони што драматично ќе се влијае на БДП затоа што инпутот, увозот ќе биде многу помал споредено со извозот, бидејќи извозот на таков тип на опрема и производи е со голема додадена вредност, а тоа е тоа што влегува во крајната пресметка на БДП. Ако имаме 200 или 300 милиони увоз, извозот ќе биде повеќе од една милијарда, бруто позитивата ќе биде на наша страна.“, истакна премиерот.

Покрај во воената индустрија, премиерот Мицкоски посочи и на размислувања во делот на медицинската индустрија и во делот на производство на батерии.

„Покрај стандардното портфолио што го имаме, автомобилската индустрија, сега се обидуваме во фарма делот во медицината, тука сме посебно фокусирани бидејќи населението во Европа старее, за жал, но тоа значи дека има потреба од палијативна нега, зголемени медицински услуги и така натаму, што значи дека и тука ќе имаме зголемена потрошувачка во годините коишто следат. Затоа ќе треба тука да се насочиме да привлекуваме инвеститори коишто ќе произведуваат медицинска опрема, стентови, анализите велат дека повеќе од половина од луѓето имаат кардиоваскуларни проблеми посебно во поодминатите години.

Така што, ќе треба тука да се фокусираме, на медицинска опрема којашто ќе додава вредност во нашата економија, во делот на производството на оружје, опрема и муниција, во делот на батерии во енергетиката, тоа е иднината, обновливите извори на енергија и складирање во батерии, така што многу сериозно анализираме размислуваме и се обидуваме тука да им пристапиме на компаниите да не препознаат како дестинација којашто малку ќе го дивергира нашето портфолио од автомобилска индустрија во една друга индустрија којашто во годините што следат на пазарот ќе биде побарувана, а тоа е воената индустрија, медицинската индустрија и производство на батерии коишто ќе бидат неопходни за складирање на електрична енергија произведена од обновливи извори.“

Премиерот Мицкоски во делот на домашните инвеститори, се повика на информација од Народната банка за зголемена побарувачка на кредити за инвестирање од домашните компании и направи споредба со податоците во ЕУ.

„Што се однесува до домашните инвеститори, важен дел е порастот на кредити кои што го земаат домашните компании за да инвестирааат. Во првиот квартал тој пораснал за околу 12 проценти, 11,8% е податок од НБРМ. Како бројка можеби не значи ништо, но таа бројка во ЕУ е 2,5 проценти, за споредба. Во 2018 година, била 5,4 проценти, во 2019 г. 6 проценти, што значи дека е дуплирана. Тоа покажува дека имаме интерес и за домашните инвеститори, а во најголема мера е благодарение на кредитот којшто го земавме од Унгарија и евтината камата којашто ја дадовме на инвеститорите за да заедно со оние шроизводи што ги нудат домашните комерцијални банки направат едно инвестициско портфолио и сега имаме раст од 12%.“,нагласи премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање за очекувањата во делот на домашните и странските инвестиции.

TAGGED:инвестициисадхристијан мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Пронајдена дрога на покривот на затворот Идризово
Следна статија Во стан во Велес пронајден мртов маж

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонецот д-р Иво Бошкоски воведе револуционерна метода за слабеење во болницата „Џемели“ во Рим

Тетовецот Иво Бошкоски, кој со години гради успешна кариера како доктор во…

August 1, 2025
Ревизија откри низа системски слабости во работењето на ФЗО: Слаба евиденција за дадени аванси за лекување во странство, слаби контролни системи…

Фондот за здравствено осигурување на Македонија доби мислење со резерва од страна…

July 31, 2025

ЈПДП: Девет фирми се поканети да достават финансиска понуда за изградба на автопатот Букојчани-Кичево

Јавното препријатие за државни патишта (ЈПДП)…

August 1, 2025

Мухамед повторно е најпопуларното име за бебиња родени во Англија

Мухамед и во 2024 година е…

August 1, 2025

Реплек со силен раст: Приходите од продажба во сегментот фармација пораснаа за 22%, нето добивката скокна за 90% во првото полугодие

Првото полугодие од 2025 година Реплек…

August 1, 2025

Сиљановска – Давкова: Да се држиме до Копенхагенските критериуми и до владеењето на правото

 Треба да се држиме до она…

August 1, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Првиот блок од РЕК Битола е привремено исклучен од електроенергетската мрежа

Првиот блок од РЕК Битола е привремено исклучен од електроенергетската мрежа. Според информациите од АД ЕСМ, исклучувањето е од превентивен…

January 15, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Мотивите на владите на ДУИ и СДСМ беа попустливост кон Бугарија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за вестите на Алсат Телевизија говорејќи за членството во ЕУ и проблемот со…

June 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Состанок на Ристески со производители, дистрибутери и трговци: Новогодишната кошница заврши, цените да останат на истото ниво

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојаноски одржаа состанок со дел од…

January 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Влатко Стојкоски е нов директор на Државен пазарен инспекторат

Влатко Стојкоски е нов директор на Државен пазарен инспекторат (ДПИ), потврдија од Владата за МИА. Досегашниот директор на ДПИ, Горан…

October 30, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?