Претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик, е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит.
По објавувањето на пресудата, Додик најави дека ќе се обрати на јавноста во Палатата на РС во 13 часот.
Откако адвокатот на одбраната на Милорад Додик објави дека првостепената пресуда против Додик е потврдена со одлука на Апелациониот совет на Судот на БиХ, Судот на БиХ издаде соопштение.
Судот на БиХ донесе конечна пресуда со која ги отфрли жалбата на Обвинителството на Босна и Херцеговина и жалбата на одбраната на обвинетиот Милорад Додик, и ја потврди првостепената пресуда на Судот на Босна и Херцеговина, број S1 2 K 046070 23 K од 26 февруари 2025 година. Писмен примерок од пресудата на советот на Апелациониот оддел беше испратен до страните на 1 август 2025 година, а жалба против истата пресуда не е дозволена.