Во Албанија, повеќе од 237 илјади деца оствариле право на еднократен финансиски надоместок за бебе, врз основа на програма што ја започна владата во јануари 2019 година, а чија цел е финансиска поддршка на семејствата во моментот на раѓањето на детето.
Информацијата ја објави премиерот Еди Рама, преку социјалните мрежи, додавајќи дека родителите на првородено дете добиваат по 40 илјади леки (над 400 евра), за второ 80.000 и 120.000 леки за трето дете.
Доделувањето бебешки бонус е оценет како една од нај конкретните социјални политики во помагањето на родителите и се очекува да продолжи со ист интензитет во наредните години.
Првите пет години од почетокот на реализација на оваа програма, бонус добиваа сите новороденчиња, независно дали се родени во Албанија или надвор од неа а родителите потекнуваат од Албанија. Од средината на минатата година тоа право го остваруваат само оние родени во Албанија.
Во оваа земја, поради масовната миграција на младата популација, но и определбата на семејствата да имаат едно до две деца, од година во година се намалува наталитетот.
Според Институтот за статистика, ИНСТАТ, во првиот квартал од оваа година, падот наталитетот е над 14% во споредба со минатата година. Во земјата се регистрирани само 4.662 новороденчиња