strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Елена Гули, внука на легендарниот Питу: Дедо ми знаел дека ќе загине, но не отстапувал од идејата за слободна Македонија
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Елена Гули, внука на легендарниот Питу: Дедо ми знаел дека ќе загине, но не отстапувал од идејата за слободна Македонија
МАКЕДОНИЈА

Елена Гули, внука на легендарниот Питу: Дедо ми знаел дека ќе загине, но не отстапувал од идејата за слободна Македонија

Објавено August 2, 2025 11:10
strana.mk
Сподели
Сподели

Елена Гули е единствениот директен потомок на славниот Питу Гули, внука од најмалото од четирите деца на војводата, заедно со Трајко Карев, еден од четворицата внуци од најстариот брат на Никола Карев. Секој од нив, и во осмата и деветтата деценија од животот, живее со приказните, со гордост на своите предци.

Елена Гули, 85-годишната внука од најмалиот син на Питу Гули, Стерју, единствен, како што вели, директен потомок од „крвта“ на големиот војвода, својата приказна ја раскажа токму на Мечкин Камен. На местото на последниот здив од животот на нејзиниот славен дедо. Иако, реално, вистинската битка била барем 500 метри подолу од денешниот споменик.

Приказната за својот дедо Питу Гули, Елена ја почна со фактот дека за нејзиниот дедо речиси немало кој да ѝ раскажува. Без татко останала на четири години, а за деда си најмногу слушала од фамилијата на нејзината баба, сопругата на Питу Гули.

Елена е во едно сигурна: нејзиниот славен дедо бил темпераментен јунак, посветен на идеалите за слободна Македонија, а сите жртви биле токму поради тоа.

– Првите сеќавања за дедо ми, Питу Гули, се од тоа што ми кажувале, малку мајка ми, а најмногу од фамилијата на баба ми, или поконкретно од фамилијата на жената на дедо ми, Питу Гули. Фамилијата на баба ми е Теље. Таму бил женет дедо ми, Питу Гули. Ми кажуваа дека од дедо ми немало поголем јунак во Македонија. Фамилијата била разочарана дека ги оставил и загинал, вели Елена Гули.

Питу Гули имал бурен живот. Седум години бил во турски затвор во Анадолија. Последиците од прангите на нозете ги имал цел живот. Повредените нозе никој не можел да ги забележи кога бил качен на коњ.

Бил неуморен и секогаш бил во движење. Ги анимирал луѓето од цела Македонија, барал, ги убедувал, агитирал да не трпат и да се кренат против турските зулуми.

– Бил човек со голема храброст. Не се плашел од ништо. Ја крстосувал Македонија, влегувал во секоја борба, организирал групи, млади луѓе… Алиштата ги соблекувал од себе, ги давал на сиромашните. Собирал оружје, востаници. Од Штипско, од Велешко, од сите страни и села – гордо вели Елена Гули.

Пресвртницата се случила по средбата со Гоце Делчев во Штипско кој сфатил дека Питу Гули е „роден“ за војвода во Крушево.

– Дедо ми никогаш не можел да ги трпи „зулумите“ на Турците. За него било единствено важно Македонија да биде слободна. Кога се вратил од затвор, го продолжил своето револуционерно движење. Се здружил со чети во Велес. Одел секаде, се борел, немал страв од ништо. Тогаш повеќепати се сретнал со Гоце Делчев. Во Штипско. Гоце Делчев слушнал за него и го викнал. Рекол – ако треба некој да биде војвода, тоа е Питу Гули. И тоа во Крушево – раскажува Елена Гули.

Елена цврсто го брани ставот на дедо си дека востанието требало да се крене веднаш, а не да се чека подоцна, за што, според неа, се залагал Никола Карев. Но, откако одлуката била донесена дека ќе има востание, двајцата безбрезервно работеле на тоа.

– Реално, сметам дека Питу бил во право за кревањето на востанието. Ако не било тоа, немаше Македонија да има Република. Имало многу Турци. Имало касарна. Правеле многу зулуми. Што им бил изборот? Да се кренат! И така се основа првата Република на Балканот – вели Елена.

Признава дека нејзиниот дедо бил темпераментен. И јас сум на него, со насмевка вели. Се што имал, го давал на другите.

– Повремено ги гледал неговата жена и децата. Ама бил посветен на револуцијата. Од селата и фамилиите „собирал“ комити. Ако имало двајца во семејството, еден одел комита. При обиколување на крајот, видел дека во селото Света имало Турчин кој правел зулуми. го владеел селото. Питу го отепал и ги зел неговите алишта – ги пренесува Елена приказните што ѝ ги раскажувале за дедо и.

Најомилена и е таа кога Питу Гули бил во Кичево кај фамилијата Зердевци каде оставил три пушки, како наследство за неговите синови да продолжат по неговите стапки.

Елена Гули вели дека цел живот се бори како нејзиниот дедо. Да опстане. Заедно со потомците.

Дедо ми знаел дека ќе загине за Македонија. И неговите деца не сакале мирно дома да седат. Се бореле. Дедо ми целосно верувал во ослободувањето на Македонија. И јас сум премногу горда на тоа. Ја носам последната капка крв од Питу Гули. Кој сака нека дојде, јас сум наследник на Питу Гули. И целата моја фамилија. Горда сум на тоа. И од никој не барам ништо – вели единствениот жив директен потомок на војводата Питу Гули.

Елена Гули е задоволна од почитта што ја има семејството. Нејзиниот дедо е во химната. На младите им порачува да останат во Македонија.

Сите мои деца се во Македонија. Сите потомци на војводата Питу Гули среќата ја бараат во својата татковина, вели 86-годишната Елена Гули. „Така треба да биде и со другите“, вели таа.

TAGGED:дедоелена гулипиту гулипотомок
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Обвинителството бара две и пол години затвор за Раул Асенсио
Следна статија Гледачите им пресудија- ќе нема четврта сезона од „Сексот и градот“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонецот д-р Иво Бошкоски воведе револуционерна метода за слабеење во болницата „Џемели“ во Рим

Тетовецот Иво Бошкоски, кој со години гради успешна кариера како доктор во…

August 1, 2025
Ревизија откри низа системски слабости во работењето на ФЗО: Слаба евиденција за дадени аванси за лекување во странство, слаби контролни системи…

Фондот за здравствено осигурување на Македонија доби мислење со резерва од страна…

July 31, 2025

Затвореник починал на скопска клиника

Денеска (02.08.2025) во 01:20 часот од…

August 2, 2025

Али Ахмети празнично се пожали: Се обидуваат да го укинат Охридскиот договор преку исклучување на албанскиот јазик

На 2 август 1903 година, Албанците,…

August 2, 2025

Голем проток за три дена : Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“

На граничните премини на македонско-албанската граница,…

August 2, 2025

Премиерот Мицкоски оддаде почит на хероите од двата Илиндена во струшко Ташмаруништа

Традиционално, со полагање цвеќе на споменикот…

August 2, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Затворивме два научни институти и во најскоро време ќе затвориме уште два

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека Државниот просветен инспекторат постојано работи по сите пристигнати пријави, при што…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Никовски: Финансиската помош која ја најави Фон дер Лајен е утешна награда бидејќи проширување нема да има

Посетата на Урсула фон Дер Лајен е реафирмација на интересот на Брисел за Балканот, кој што не е спорен.Во прашање е нова…

October 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Светскиот ден на детето е ден кога не смее само да се зборува, туку треба да се дејствува, порача Мицкоски

Светскиот ден на детето е и потсетник дека треба да работиме заедно за да создадеме свет во кој сите деца…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаков е првороденчето во Скопје, неколку секунди по него се роди и девојче во Чаир

Министерот за здравство Арбен Таравари, неговата сопруга Нора, заменик министерот Јовица Андовски, сопругата на премиерот Рози Мицкоски, како и заменик…

January 1, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?