На Илинден, нашите предци ја започнаа својата борба за создавање на македонската држава, борба што ја продолжија многу знајни и незнајни јунаци кои ги положија своите животи на олтарот на слободата, за Македонија да биде дом за својот народ, објави Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на oпштина Кисела Вода, Претседател на ЗЕЛС и кандидат за градоначалника за Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
На 2 август 1903 година, нашите дедовци му покажаа на светот дека огнот на слободата што гори во срцето на Македонецот е нескротлив. Тој пламен продолжи да гори и преку Илинденците од 1944, за да се роди современата македонска држава.
А денес, ние имаме света должност – да ја чуваме, браниме и унапредуваме оваа исконска земја. Ние, нашата генерација. Јас верувам во нашата генерација! Македонија ќе живее, затоа што има горди синови и ќерки кои безрезервно ја љубат! Честит и вечен нека е Илинден!, потенцира во објавата Ѓорѓиевски.