Авионот на летот од Загреб за Стокхолм како превентивна мерка е однесен на технички преглед откако бил оштетен од куче.
На 30 септември 2024 година на редовниот лет на Кроација Ерлајнс OU486 од Загреб за Стокхолм се случи инцидент во кој куче го оштети багажниот простор на Ербас А319, пишува Avioradar.net.
Во согласност со прописите, кучето било пренесено во багажниот простор и недолго по качувањето било ослободено од кафезот.
Патниците потоа биле симнати и префрлени во друг авион, а прегледот на багажниот простор открил дека кучето направило штета.
Превозникот тогаш одлучил превентивно да го извади леталото од употреба и да го испрати на технички преглед, каде се уште се наоѓа авионот Ербас А319.