Градовите и општините во Германија на овој начин собрале 1,6 отсто повеќе пари од претходната година, објави Сојузниот завод за статистика.
Институтот ги објави податоците по повод Светскиот ден на кучињата, кој се одбележа во четвртокот, 10 октомври.
Приходите од данок на кучиња растат веќе 10 години. За тоа време тие скокнале за цели 41 отсто, велат статистичарите.
Повеќе даночни приходи не мора да значи повеќе кучиња. Имено, висината и структурата на даночната стапка ја одредува секоја општина поединечно. Износот на данокот може да зависи од бројот на кучиња во домаќинството или од расата.
Околу 10,5 милиони кучиња живееле во германските домаќинства во 2023 година, според истражувањето на Централната асоцијација за домашни миленичиња (ZZF) и Здружението за индустрија за домашни миленици (IVH), пренесува Шпигел.
Кучињата им носат многу радост на сопствениците, но повлекуваат и дополнителни трошоци кои значително се зголемија во последните години. Цените на храната за кучиња и мачки се зголемија во 2023 година во просек за речиси 17 отсто.
Вкупната инфлација во истиот период изнесува 5,9 отсто.