Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски смета дека началникот Музафер Калишиќ изнел само свое видување и сомнеж за поврзаноста на таткото на Вања за киднапирањето на ќерката.
Тој не даде никаква аргументација на што се должи неговиот сомнеж.Од друга страна видовме дека да не биле Александар и Гоце уште би претпоставувале што и како се случило со овие лица и уште немаше да имаме епилог.Началникот во тоа време врши многу висока функција. Тој извекол мислење дека само Александар му е сомнителен поради неговото чудно однесување.Токму овој сведок е човекот кој Александар го донел на обвинителна клупа без ниту еден аргумент и доказ, наместо да го направи она за што бил платен од граѓаните.Добро е што тој веќе не ја раководи таа служба.
Aдвокатот е убеден дека началникот не ја кажува вистина околу физичкото малтретирање на Алекснадар.
Пред него се одвива целата тортура врз Александар.Тој е во просторијата заедно со Алекандар и заедно со двајца или тројца негови колеги. Тоа што го кажа инспекторот не е точно, тоа се одвивало пред неговите очи.Имаме и лекарски извештај каде при преглед се утврдени повреди кои се настанати точно кога Александар бил во полициска станица-објасни адвокатот.