Почина Лиам Пејн (31), поранешен член на One Direction. Британскиот пејач е пронајден мртов во Буенос Аирес.
Си-ен-ен пишува дека пејачот бил пронајден мртов пред хотелот Кас Сур во луксузниот кварт Палермо, откако паднал од третиот кат. Смртта ја констатирала полицијата, а лекарите рекле дека „нема начин да се спаси“.
Очевидци за американскиот таблоид ТМЗ изјавија дека несреќата се случила нешто по 17 часот (локално време). Тие тврдат и дека Лиам претходно „се однесувал чудно во лобито на хотелот“. Напоменуваат дека го „скршил лаптопот“.
И во официјалното соопштение се вели дека полицајците биле испратени во хотелот по итен повик „во кој биле информирани за агресивен маж кој можеби бил под дејство на дрога и алкохол“. Кога стигнале, полицаецот, како што вели, слушнал силна бучава во внатрешниот двор на хотелот.
Тој беше во Аргентина на гостување на концертот на Ниал Хоран, поранешен колега од One Direction. Оваа вест ги шокираше фановите ширум светот, кои се збогуваат на социјалните мрежи.
Обожавателите се збогуваат и во коментарите на неговиот Инстаграм профил, каде го следеа над 26 милиони луѓе.
Rest in peace Liam Payne💔
— Sergio 🥭 (@sergiorallyy) October 16, 2024