Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се најде во друштво со припадници на латино американската популација во Флорида, но тоа не го сопре да зборува дека мигрантите во Охајо јадат домашни миленици.
Со сета почит, дали навистина верувате дека овие луѓе јадат домашни миленици, беше прашањето на еден член од шпанската популација.
„Тоа го објавија медиумите, јас само го кажувам тоа што го објавија медиумите. Како што беше пренесено дека јадат и други работи што не треба да ги јадат. Тоа се сите извештаи. Ќе одам таму и ќе видам што ќе се случи и потоа ќе те известам. Но, тоа беше во весниците и беше нашироко објавено“, одговори Трамп.