strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Нови германски инвестиции и очекување растот на БДП да надмине три отсто, најави Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нови германски инвестиции и очекување растот на БДП да надмине три отсто, најави Мицкоски
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Нови германски инвестиции и очекување растот на БДП да надмине три отсто, најави Мицкоски

Објавено October 18, 2024 12:18
strana.mk
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски најави нови германски инвестиции, а најголемата, како што истакна, ќе биде ветерен парк кај Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, вредна преку 400 милиони евра. До крајот на годината, според премиерот, две германски компании ќе почнат да вложуваат, едната, веќе присутна во земјава, ќе гради нов производен погон, а другата ќе стартува сосема нова гринфилд инвестиција.

Одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на ново училиште во Ченто, Мицкоски рече дека очекува раздвижување на економијата по забрзаната динамика на капиталните инвестиции и над три отсто раст на БДП во третиот и четвртиот квартал од годината.

Ефектите од економската ситуација во Германија која, според премиерот, не е охрабрувачка, кај нас ќе се почувствуваат, како што рече, веројатно кон крајот на првиот и почетокот на вториот квартал идната година.

Разговорот со германската Стопанска комора, беше пријатен и, би рекол, плоден. Веќе имаме неколку инвестиции во најава. Има една инвестиција во делот на енергетиката, нов ветерен парк – огромна инвестиција во потегот на општините Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, германска инвестиција, огромна 400 и нешто милиони евра. Струјата што ќе ја произведуваат, ќе ја продаваат на пазарот. За жал, четири години таа инвестиција не биле во можност да ја реализираат од причини кои не би ги коментирал сега во јавноста, ќе треба истражните органи да се позанимаваат. Но, веќе задолживме луѓе од Кабинетот што ќе ја следат на дневна основа реализацијата на оваа инвестиција која ќе значи уште еден чекор напред кон зелената транзиција, односно производство на електрична енергија од обновливи извори. Инаку, состојбата во германската економија не е охрабрувачка, туку е прилично предизвикувачка и очекувам ефектите што сега се случуваат во овој трет квартал во Германија, ние да ги почувствуваме кон крајот на првиот и почетокот на вториот квартал следната година – изјави Мицкоски.

Тој се осврна и на состојбите во индустријата кај нас, нагласувајќи дека последниве два месеца од доаѓањето на новата Влада, бројките се многу подобри.

Индустриското производство просечно во вториот квартал паѓаше со 7 проценти. Просечно во првите два месеци од третиот квартал за којшто имаме досега обработени податоци, тоа се јули и август месец расте со 1,1 процент или во нето просечно е повисоко 8,1 проценти споредено со вториот квартал. Односно, во месец јули порасна за 3,8 проценти, а во месец август падна за 1,6 или во просек кога ќе се земе расте за 1,1 процент, додека пак, преработувачката индустрија и во првиот месец од третиот квартал јули и во вториот месец од третиот квартал август расте, во јули за 3,8 проценти, а во август мислам дека беше 1,1 процент, но треба тоа да го провериме. Извозот во август споредено со август минатата година е поголем за 12,2 процента, а увозот е помал за 1,6 проценти, така што не би се сложил дека извозот паѓа. Јас сега зборувам откако е оваа Влада, не зборувам за претходната. Откако е оваа Влада, избрана ова се параметрите – истакна премиерот.

Дополни и дека седум години додека соседите одеа напред, земјава одеше назад, па сега, како што напомена, мора да се прават крупни чекори.

Порастот на БДП, согласно сегашните параметри, очекувам да биде меѓу прогнозите на ММФ и Светска банка или еден од подобрите во регионот или Европа, но да го почекаме декември кога излегуваат бројките за третиот квартал. Сепак, очекувам во третиот и четвртиот квартал растот да биде над три отсто со оглед на забрзаната динамика на капиталните инестиции – потенцира премиерот.

Во врска со проектите на општините, рече дека ќе бидат јавно објавени.

Не очекувам нови проекти, туку тие навреме што не доставија, да достават, а такви не се многу, нагласи Мицкоски.

TAGGED:економијаинвестициимицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Повеќе од 700 дечиња ќе може да стекнуваат знаење во новото училиште во Ченто
Следна статија „Девојчето беше како живо, рацете и беа врзани позади и нозете со стеги – на устата имаше лента“, сведочеше денеска пред судот началник од СВР Скопје

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

(ВИДЕО) Драма во центарот на Стокхолм- автобус удри во станица, има мртви и повредени

Најмалку две лица загинаа, а неколку…

November 14, 2025

(ВИДЕО) Драма на премиера во Сингапур: Нападната Аријана Гранде

Познатата пејачка и актерка Аријана Гранде…

November 13, 2025

(ВИДЕО) Дијамантот „Мелон блу“ продаден за 21 милион евра на аукција

Оваа луксузна уметност на природата со…

November 12, 2025

(ВИДЕО) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколицата Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар…

November 12, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Трговците се алчни, прво во септември ги зголемија, па ги намалија цените во октомври и пак останаа со ист профит

Трговците се алчни, повторно се обидуваат да заработуваат на грбот на граѓаните. Владата треба да преземе поригорозни чекори, рече денеска…

October 25, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Дамева замина: Мандатот и истекува задутре, но претседателката на Судскиот совет одлучи денеска да си оди со оставка

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева денеска на прес-конференција информира дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата. Нејзиниот мандат секако би…

December 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За една година покачивме пензии и плати, развојот е возможен и на дофат

За една година покачивме пензии и плати, градиме патишта, имаме над 1.2 милијарди евра странски инвестиции и вработени 1000 полициски…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе остане и ќе се засили во периодот кој што следи

Денес Скопје е домаќин на една важна посета, присуството на претседателот на Европскиот совет г-динот Кошта, не е само потврда…

May 15, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?