Износот на минималната нето плата во Хрватска од 1 јануари следната година треба да се зголеми за 80 евра, од овогодинешните 670 на 750 евра или за 15 отсто. Дали „минималната плата“ е доволна за покривање само на комуналните услуги, е прашањето кое го поставуваат граѓаните деновиве во Хрватска. Новата минимална заработка ќе опфати 30 илјади луѓе повеќе отколку пред две години, пренесуваат хрватските медиуми.
Кога станува збор за бруто износот, тоа е раст од 840 на речиси 970 евра.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кажа дека во Хрватска денес 100 илјади луѓе примаат минималец и додаде дека целта на владата е да обезбеди подостоинствен живот на оние кои имаат најмалку.
Од друга страна, најновиот чекор во кревањето на минималната заработка ја следат коментари дека таа и понатаму е доволна само за да се покријат комуналиите.