strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Стојанова: Бугарија ја потврди посветеноста за Коридорот 8, Скопје треба да го заврши својот дел
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БАЛКАН > Стојанова: Бугарија ја потврди посветеноста за Коридорот 8, Скопје треба да го заврши својот дел
БАЛКАН

Стојанова: Бугарија ја потврди посветеноста за Коридорот 8, Скопје треба да го заврши својот дел

Објавено October 20, 2024 18:13
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерката за транспорт на Бугарија, Красимира Стојанова, изјави дека тунелот од бугарска страна на Коридорот бр. 8 ќе биде целосно завршен најдоцна до 2030 година. Таа во емисијата „Брисел 1“ објасни дека ова повеќепати било кажано на властите во Скопје, вклучително и за време на состанокот на 16 октомври во Брисел, каде присуствувале експерти од Европската комисија (ЕК), претставници на Бугарија и Македонија, како и финансиски институции како ЕИБ и ЕБОР.

„Нашата земја има обезбедено финансирање за последната делница од околу 2,5 километри до границата со РСМ. За жал, не гледаме никакви гаранции и јасни рокови кога колегите од РСМ ќе го изградат својот дел,“ изјави Стојанова, потенцирајќи дека Бугарија е подготвена за завршување на својата делница до крајот на 2030 година.

Министерката ги отфрли обвинувањата дека Бугарија не ги исполнила своите обврски, потсетувајќи дека „дел од прекуграничниот тунел „Деве Баир“ беше изграден уште во 1948 година.“

Одговарајќи на прашањето зошто се случи Скопје по оваа средба во средата во Брисел повротно да излезе со мислења дека е тешко да се изгради Коридорот 8, оставајќи впечаток како да не сакаат да го градат, таа изрази сомнеж дека македонската делегација не го информирала добро министерот.

„Би сакала да укажам дека тоа се должи на фактот што колегите од РСМ кои учествуваа на средбата во Брисел не го информирале доволно добро својот министер. Секако тоа го кажувам во рамките на шегата. Мислам дека нема некакво несовпаѓање. Колегите кои се вратија од Брисел од нашата МТС дојдоа со добра вест, средбата беше добро покриена и со соопштението на ЕК. Мојот заклучок од она што ми го кажаа колегите, од она што го прочитав е дека двете страни уште еднаш ја потврдија посветеноста на изградбата на овој важен Коридор 8 и тоа како министер за транспорт и врски ме задоволува во моментот.

Коментирајќи дали ќе се гради или не Коридорот 8, бидејќи Николоски вели дека овој проект нема да се гради и најавува нов проект таа потсети дека Работната група е создадена уште во 2017 година, кога Бугарија на секое ниво, како и досега со своите претставници, вели дека категорично ја потврдува својата посветеност на заштитата на Коридорот 8.

„А, тоа значи дека ние како земја-членка на ЕУ, строго ги почитуваат своите обврски. Сакам да истакнам дека во 2017 година беше потпишан Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и РСМ. Во овој договор, во две негови одредби, двете страни изречно се обврзуваат да соработуваат во сите аспекти, вклучително и изградбата на транспортната инфраструктура. На истиот датум, 01.08.2017 година, потпишан е Меморандум за соработка меѓу двете ресорни министерства – бугарското МТИТС и сличното министерство на РСМ, со што двете страни предвидуваат изградба на железничката линија на Коридорот 8 Софија – Скопје. Овие активности за воспоставување на правната рамка за Коридорот 8 продолжија понатаму, при што им се приклучија Албанија, а подоцна и Италија“, нагласи Стојанова.

Таа исто така изрази и изненадување зошто Скопје говори за корупциски проекти, нагласувајќи: „Дали некој мисли дека финансиските институции како ЕИБ и ЕБОР би инвестирале во коруптивни проекти?“

Стојанова ја истакна важноста на Коридорот бр. 8, нагласувајќи дека тој е приоритет за Бугарија, Европската комисија и НАТО, додавајќи дека се надева дека овој проект ќе биде приоритет и за Македонија.

TAGGED:бугаријаКоридор 8красимира стојанова
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина
Следна статија Ристески: Работодавачите и коморите само се жалат, а работниците не добиваат ништо

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека според проценки на стручни медицински…

June 30, 2025
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од…

June 29, 2025

Почина пешак откако младо момче со мотоцикл удрил во него

На 30.06.2025 околу 13.45 часот во…

July 1, 2025

Предложен притвор за битолчанец кој нападнал доктор, па потоа полицаец

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка…

July 1, 2025

Во Скопје состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан

Состанок на лидерите на ЕУ и…

July 1, 2025

Трамп до Маск: Без субвенции ќе се вратеше во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно…

July 1, 2025

РАЗНО

БАЛКАН

Ѓукановиќ за злосторството во Цетиње: Додека држеа непотребни пресови убиецот им се шеташе зад грб

Поранешниот претседател на Црна Гора Мило Ѓукановиќ изјави дека злосторството што се случи во Цетиње е настан кој на застрашувачки…

January 2, 2025
БАЛКАН

Српските студенти планирале да ја заземат контролата на летање на аеродромот во Белград

Српските студенти кои се под контрола на опоизицијата Студентски планирале терористички напад на аеродромот „Никола Тесла,“ а имале и свои…

April 8, 2025
БАЛКАН

Собранието на Република Српска донесе одлука за пристапување кон носење нов Устав

Народното собрание на Република Српска синоќа усвои предлог-одлука за пристапување кон усвојување нов Устав на Република Српска, јави РТРС. За…

March 13, 2025
БАЛКАН

Видео) Демонстрантите во Чачак ја скршија вратата од локалното собрание и упаднаа во зградата

Синоќа во Чачак се одржа протест поради напад на студенти во тој град. Студентите на Техничкиот факултет во Чачак на…

March 24, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?