Српскиот претседател Александар Вучиќ имал телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
Вучиќ на својот Инстаграм профил изјави дека тој и Путин штотуку го завршиле разговорот по пауза од две години и дека разговарале за билатералните односи. Вучиќ му се заблагодари на Путин „што се погрижи Србија да има доволно гас оваа зима“.
„Му се заблагодарив на претседателот Путин за честитките и укажав на непоколебливиот дух на слободата на српскиот народ и им се заблагодарив на единиците на Црвената армија кои заедно со српските единици учествуваа во ослободувањето на нашиот главен град (денес во Белград на одбележувањето на ослободување на градот во Втората светска војна, оп.а.) . Разменивме мислења за сите важни билатерални и економски прашања“, рече Вучиќ и додаде:
„Посебно му се заблагодарив на претседателот Путин што се погрижи Србија и оваа зима да има доволно количества гас, по многу поволни цени. Она што остана од претходните периоди да се плати, двајцата изразивме надеж дека во следниот период ќе се реши преку компромисни решенија. Изразив надеж дека нема да воведеме санкции кон Руската Федерација“.