Најмалку 84 лица загинаа во појасот Газа во изминатите 24 часа, се наведува во соопштението на Министерството за здравство на Владата на Хамас.
Во таа бројка не е вклучен билансот на жртвите од синоќешниот напад во Беит Лахиа во северниот дел на Газа, каде беа убиени десетици Палестинци.
Во соопштението се додава дека од почетокот на војната против Израел, пред нешто повеќе од една година, во Газа загинале 42.603 луѓе, а 99.795 се ранети.