Португалскиот стратег Жозе Мурињо размислува за нови засилувања во Фенербахче во зимскиот преоден рок, а во неговите планови е и Елиф Елмас, македонскиот репрезентативец кој има мала минутажа оваа сезона во бундеслигашот Лајпциг.
Елмас токму во Фенербахче ја вивна својата кариера откако од Работнички дојде како малолетно момче во гигантот од Истанбул.
Поранешниот клуб на македонскиот „дијамант“ е заинтересиран да го добие Елмас на позајмица. Целата операција би се извршила во месец јануари, а детали како ќе се одвива плаќањето на платата, или колку позајмицата ќе трае – нема наведено.
Елмас играше за турски Фенербахче од 2017 до 2019 година и Суперлигата за него не е енигма.