Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски утре со почеток во 11:20 часот ќе ја пречека и ќе биде домаќин на посетата на Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија на Европската Унија.
Во рамки на посетата во 11:30 часот предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен.
Воедно, во 11:50 часот ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации.
Потоа, во 12:40 часот предвидена е заедничка прес- конференција на премиерот Мицкоски и претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен во Медија центарот на Владата.