Жител на Битола доби кривична пријава откако киднапирал 24-годишна девојка ја одвел во негова викендичка во околината на градот, каде насила ја држел и ја тепал, соопшти МВР.
„СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Т.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 21.10.2024 пријавениот во повеќе наврати физички нападнал 24 – годишна жена и против нејзина волја ја држел во неговата викенд куќа во битолско, каде што, исто така, физички ја напаѓал“, се вели во полициското соопштение.