Тешко злосторство рано утринава го потресе германскиот град Лајпциг, каде според првите сознанија на полицијата и обвинителството, тринаесетгодишно девојче до смрт ја избодела својата помала сестра (7).
Според локалните медиуми, полицијата добила повик во периодот од петокот до саботата, а се сомнева дека постарата девојка ја избодела својата помала сестра, која во болница им подлегнала на повредите.
Тринаесетгодишното девојче било пренесено во специјализирана болница, а полицијата не сакала да соопшти повеќе детали, пренесува Oe24.at.