Бугарските граѓани денеска излегуваат на гласање за седмите предвремени избори во последните четири години, додека ривалските политички партии во земјата се борат да формираат стабилна коалиција, а гласачите стануваат сè поапатични.
Бугарија, се бори со ротирачките влади откако антикорупциските протести во 2020 година помогнаа да се собори коалицијата предводена од централнодесничарската партија ГЕРБ, објави Ројтерс
Последните анкети покажуваат дека најверојатно нема да има јасен победник и очигледни опции за солидна коалиција и на овие избори.
Одѕивот на гласачите, кој се проценува на околу 30 отсто, се очекува да биде најнизок од падот на комунизмот.
Гласањето завршува во 20 часот, а резултатите врз основа на излезните анкети треба да бидат познати во исто време.
Конечните резултати ќе бидат познати неколку дена подоцна.
Доколку не се појави неочекувано политичко партнерство или силен лидер за обединување на коалицијата, повеќето аналитичари предвидуваат дека земјата повторно ќе оди на избори на почетокот на следната година.
Ваквата дисфункција е загрижувачка за Бугарија, која има 6,4 милиони жители.
Нејзиното пристапување во ЕУ во 2007 година отвори период на оптимизам обележан со пораст на животниот стандард и брз економски раст.
Сепак, глобалната финансиска криза, пандемијата на коронавирусот и војната во Украина ги намалија странските инвестиции.
На Бугарија сега очајно и треба период на стабилна Влада со цел да го забрза протокот на средства од европските фондови во нејзината прилично слаба инфраструктура и да ја приближи земјата до воведувањето на еврото.