strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски до Беџети: ЕУ е вредност која не подразбира купување скапи трговски центри и дуќани во центарот на Скопје
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски до Беџети: ЕУ е вредност која не подразбира купување скапи трговски центри и дуќани во центарот на Скопје
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Беџети: ЕУ е вредност која не подразбира купување скапи трговски центри и дуќани во центарот на Скопје

Објавено October 31, 2024 14:56
strana.mk
Сподели
Сподели

„За жал поради начинот на кој што владеевте изминативе 7 години ДУИ и СДСМ, ние денес сме таму каде што сме, а ова има можност цела јавност да види кои се луѓето кои прашуваат дали сме за ЕУ или Русија. Ова се луѓето кои ги бранат интересите. Кога вие зборувате дали сме за Русија или Европа замислете до која ситуација дојдовме. Ајде да видиме кој што направи за Русија, а кој за ЕУ“, вака претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања одговори на прашањето на пратеникот Блерим Беџети за тоа дали Владата е со Европа или Русија.

Тој понатаму додаде дека Беџети пред да поставува вакви прашања треба да се присети на анегдотата којашто кружи за тоа како неговата партија заедно со тогашниот коалициски партнер СДСМ на крајно неевропски начин кроеле планови за обезбедување пратеници за уставните измени.

Има анегдота која вели дека овде во Собранието кога се гласаше за промена на уставното име во една канцеларија неколкумина претставници од политичката партија ДУИ се обидувале со поранешни припадници и членови на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ да постигнат консензус околу тие уставни измени. Таа анегдота вели дека еден од соговорниците коишто биле тогаш дел од највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ им одговорил, рекол видете овие неколкумина можете да ги придобиете и со еден разговор можете да добиете ако им возвратите кој да го амнестирате од криминалот, со кој да му дадете некој тендер има градежна фирма знаете и слично и на тој начин ќе дојдете до 80 пратеника и до промената на уставното име. Така вели анегдотата, јас не велам дека е тоа вистина. Па таа анегдота во канцеларијата на еден од поранешните високи државни претставници ја пренесува, така вели анегдотата, висок функционер на ДУИ. И го пренесува ова искуство тој вели, видете сега треба истото да го направиме со ова ВМРО-ДПМНЕ сега и да најдеме 80 пратеници и да завршиме со промената на Уставот. Но, еден од соговорниците, така вели анегдотата, на состанокот кај еден висок претставник на раководството на државата од коалицијата поддржан ДУИ и СДСМ, му рекол види Али нашиве пријатели коишто тогаш ни помогнаа не се веќе во ВМРО-ДПМНЕ, што да правиме. Не се? А, што ќе направиме за да бидат? Ми текна, ќе го менуваме Кривичниот законик и тие што се тука ќе дојдат, тие што се тука ќе бидат мотивирани. Како ќе го менуваме ќе ни го закочат овие вмровциве? Ај со Левица и ќе се договориме некако, ама вмровциве, како со нив ќе се договориме? И ајде ќе тераме ќе му залепиме европско знаме, па ќе тераме. Така вели анегдотата, јас не знам дали е вистина ова, но така вели анегдотата кој е за ЕУ и кој е за Русија. Па, еден му вели во таа анегдота, абе малку штета ни нанесе ова голобрадово момче, трговски цел, му викавме само првиот кат да го купи, а тој решил трговски па трговски ќе купува момче кое реши трговци да купува. Абе немој трговски му велиме барем првиот кат купи го еве, не мора цел трговски. Кога наеднаш сватот на еден од високите претставници на политичката партија ДУИ со скап Ролс Ројс на брзинка се паркира пред резиденцијата на тој висок претставник на државата поддржан од коалицијата СДСМ и ДУИ и наеднаш сватот го кани да влезе во возилото, така вели анегдотата и го носи во еден ултра скап дуќан во центарот на градот да одберат туристичко патување во една скапа, би рекол егзотична дестинација за да можат на мира да го прават планот околу тоа како да обезбедат 80 пратеници. Така вели анегдотата. Јас повторно кажувам, не знам дали е ова вистина, но така вели анегдотата за овие коишто се денеска за ЕУ“, потенцираше Мицкоски и додаде дека ЕУ е вредност во која што се почитуваат законите, а не да се понижуваат граѓаните со играње фудбалчиња и баскет по канцеларии.

ЕУ е вредност која што не подразбира вакви анегдоти. ЕУ е вредност во којашто се почитуваат законите, а не се понижуваат граѓаните со играње фудбалчиња, играње баскет итн. ЕУ подразбира независно судство, ЕУ подразбира вредности коишто овие господа овде пред мене не знаат ни како изгледаат, а камоли пак да се повикуваат на тие вредности. Почитуван Блерим Беџети, оваа Влада може да ви држи лекции за ЕУ и за вредностите коишто ги носи ЕУ. Можете да учите како требало повеќе од 20 години користејќи ги привилегиите на власта да се борите за вредностите на ЕУ. Јас да бев на ваше место ќе се присетив на оваа анегдота којашто циркулира тука низ Парламентот и ќе извлечев некаква поука од сето тоа. Жалам што и вас ве однесоа во длабокото“, заклучи Мицкоски.

TAGGED:мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Ветингот е ставот, а позади завесата е тефтерчето од каде доаѓаат одлуките од Мала Речица
Следна статија Во септември годишен пад на каматната стапка на вкупните кредити, а раст кај депозитите, според НБ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека според проценки на стручни медицински…

June 30, 2025
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од…

June 29, 2025

Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, Европа е дом на правото, на правдата, на достоинството

Нашата држава чекори по европскиот пат…

July 1, 2025

Ја натепал сопругата во ноќен клуб

Утрово во 09.15 часот, лишен од…

July 1, 2025

На Богородица ќе се отворат две дополнителни ленти за излез од Македонија

Македонија ќе отвори две дополнителни ленти…

July 1, 2025

Тошковски: Апсењето во Струмица било филмско, планирале дрогата да ја изнесат од Македонија

Три лица вчера беа уапсени во…

July 1, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Димитриевски за балансерот: Сите граѓани да имаат еднакви права при вработување

Кумановскиот градоначалник и претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска од Куманово изјави дека сите треба да се заложат за…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

(ВИДЕО) Теодор Јовески го фати светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје

Теодор Јовески беше најбрз и успеа да стигне до светиот крст кој беше положен во осветените води на реката Вардар.…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски утре ќе ја пречека и ќе биде домаќин на Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски утре со почеток во 11:20 часот ќе ја пречека и ќе биде домаќин на посетата…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се подобрува правната рамка за квалитетoт на воздухот

Со поддршка на ЕУ ИПА 2-програмата во номври 2024 година почната е имплементацијата на проект со кој ќе се доусогласува…

January 29, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?